
|
 |
Спорт / Фудбал
Кежман на позајмица во ПСЖ
Парис Сен Жермен и турскиот фудбалски клуб Фенербахче се договориле, Турците на Парижаните да им го позајмат српскиот напаѓач Матеја Кежман, со можност по истекот на позајмицата да го откупат неговиот договор.
Пред реализација на трансферот останува уште да се договорат односите на турскиот клуб и Кежман. Според информациите, ПСЖ би требало во случај на опстанок во првата лига, "автоматски" да му исплати на Фенербахче четири милиони евра на крајот на сезоната, за да го откупи договорот на Кежман.
29-годишниот Кежман е петто засилување за ПСЖ во овој преоден рок (после Макелеле, Жили, Хоарау и Сесењон).
Српскиот интернационалец се докажа по трансферот од Партизан во ПСВ во 2000 година во кој клуб постигна 105 гола на 122 мечеви од холандскиот шампионат во четири сезони. Како играч се развиваше во Челзи (2004-2005), а потоа во Атлетико Мадрид, пред да заигра за истанбулски Фенербахче 2006 година. За турскиот клуб во последната сезона постигна 18 голови. Сепка новиот тренер на Фенербахче, Шпанецот Луис Арагонес не сметаше на услугите на Кежман во пресрет на новата сезона, по трансферот на неговиот сонародник Даниел Гуиса, кој потпиша 4-годишен договор со турскиот тим.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|