
|
 |
|
|
Спорт / Фудбал
|
|
Подготвени сме за Шкотска
Победата од 4:1 над Луксембург е само една добра најава за нашиот национален тим пред стартот на квалификациите. Сите погледи се сега свртени кој "пеколот" во септември. Последниот тест меч веќе е минато, резултатот е одличен и создадена е позитивна атмосфера.
"Подготвени сме иако не се залетуваме дека сме го победиле Луксембург и сме завршиле голема работа. Докажавме дека сме подготвени за Шкотска и дека со сериозен пристап влегуваме во последните денови пред стартот на квалификациите", е коментарот на капитенот Гоце Седлоски.
Рекордерот по бројот на настапи во дресот со државниот грб и главниот столб во нашата одбрана повикува на единство.
"Сите во Македонија треба да се обединиме и со една добра атмосфера да влеземе во новиот квалификациски циклус. Стартот е пеколен и тежок и лично посакувам барем 4 бода од дуелите со Шкотска и Холандија. Тоа значи победа над Шкотите и барем реми со силните 'лалиња'", појаснува Седлоски.
Нашиот капитен најавува дека Илчо Наумоски ќе биде фит. Неговиот клупски другар од националниот тиум и Матерсбург имал само лесна повреда иако имаше најави за пауза на Наумоски од 10 дена.
"Илчо тренира и денеска ќе игра за клубот. Овој меч со Капфенберг ни е многу битен. Ќе биде фит до Шкотска и Холандија", изјавува Седлоски за повредата на Наумоски.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|