вторник, 26.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Фергусон главен кандидат за селектор на Велика Британија

Менаџерската легенда на англискиот фудбал, Шкотланѓанецот сер Алекс Фергусон, би можел да биде селектор на репрезентацијата на Велика Британија која ќе настапи на Олимписките игри во 2012 година.

Според тврдењата на Гери Сатклиф, министерот за спорт во британската влада, сер Алекс е главен кандидат за таа функција.

"Како организатори на Игрите, имаме право на учесници во сите натпреварувања, па нормално дека сакаме претставник и во фудбалот. Потребен е консензус да креираме фудбалска репрезентација, а доколку сер Алекс биде селектор, тоа би било фантастично. Конечната одлука околу тоа ќе ја донесе британскиот олимписки комитет и фудбалската асоцијација на Англија.

Претседателот на Организациониот комитет на Игрите во Лондон, поранешниот светски рекордер на 800 метри, Лордот Себастојан Коу, разговараше во јули со Фергусон, кој изјавил дека ќе биде премногу стар за да би можел стриктно да се обврзе на таа работа.

"Во 2012 година ќе имам полни 70 години. Не можам да се обврзам на нешто што ќе се случува за четири години, бидејќи тогаш можеби нема да бидам ни физички, ни психички способен на такво нешто", се вели во изјавата на Фергусон од минатиот месец.

Од друга страна, британскиот премиер Гордон Браун, во изјавата за Би-Би-Си рече дека разговарал со Фергусон околу Олимписките игри во Лондон.

"Јас имав разговор со Фергусон, тој би морал да добие некои формални дозволи за таа работа, но и натаму е главен кандидат и се уште дефинитивно ја нема одбиено таа работа", изјави Браун.

Инаку, неиграњето на фудбалскиот тим на Олимписките игри во Пекинг, значеше дека Островот веќе 48 години нема свои претставници во фудбал на најважната спортска манифестација, а една од причините е и стравот од конфликот на индивидуалните национални тимови.

Можното учество на британски тим во фудбал предизвика многу контроверзи во националните влади на Шкотска, Велс и Северна Ирска, кои сметаат дека тоа би можело да го загрози нивниот индивидуален статус во рамките на светското фудбалско тело, ФИФА. Неодамна, првиот човек на ФИФА, Швајцарецот Сеп Блатер, истакна дека најдобро е Велика Британија на Олимпијадата да ја претставуваат само фудбалери од Англија.


Наjновo од Спорт
Фергусон главен кандидат за селектор на Велика Британија
Кина нема да го добие СП пред 2022 година
"Можам до титулата!"
Маса казнет само парично
Реал победник во Суперкупот на Шпанија
Интер го освои Суперкупот на Италија
Кина организираше магични Игри
Шевченко официјално се враќа во Милан
Робињо си оди ако го откупи договорот
Адријано понуден за Дрогба!
Подготвени сме за Шкотска
Кака ќе го пропушти стартот на Серија А
Шевченко нема да се врати во Милан
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи