вторник, 26.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Лапорта останува прв човек на Барселона

Претседателот на Барселона, Хуан Лапорта, и натаму останува претседател на каталонскиот клуб, реши генералното собрание на поранешниот европски првак.

Генералното собрание на фудбалскиот клуб Барселона во неделата го потврди мандатот на претседателот на клубот, Хуан Лапорта, кој ќе остане на функција до крајот на предвидениот термин, односно уште две години. Тој ја доби поддршката на 52 проценти од членовите на собранието, додека против него беа 37 проценти, во гласањето на вкупно 942 делегати.

Опозицијата во клубот пред месец и половина собра 60 проценти на гласови неопходни за смена, што е за шест проценти помалку од потребното мнозинство за смена.

Инаку, Лапорта го презеде клубот во 2003 година, а по две едноподруго титули, во 2005 и 2006 година, како и титулата од Лигата на шампионите во 2006-та, доби уште еден мандат.

Барселона сепак нема освоено ниеден трофеј во последните две години, а во меѓувреме 45-годишниот претседател стана непопуларен меѓу своите навивачи.


Наjновo од Спорт
Лапорта останува прв човек на Барселона
Кометал пред договор Ждериќ
Хамилтон размислувал да не вози во Валенсија
Фергусон главен кандидат за селектор на Велика Британија
Кина нема да го добие СП пред 2022 година
"Можам до титулата!"
Маса казнет само парично
Реал победник во Суперкупот на Шпанија
Интер го освои Суперкупот на Италија
Шевченко официјално се враќа во Милан
Робињо си оди ако го откупи договорот
Адријано понуден за Дрогба!
Подготвени сме за Шкотска
Кака ќе го пропушти стартот на Серија А
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи