вторник, 26.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Реваншот само формалност за Јуве и Барса?

Со вечерашните први три средби, стартува последниот филтер пред годинашното издание на Лигата на шампионите, односно реванш-дуелите од третото квалификациско коло за влез во пребогататото континентално друштво.

Во Краков, полскиот шампион Висла е пред невозможна мисија да го надокнади дефицитот од четирите погодоци примени на Ноу Камп, па останува да се види само дали најдобриот тим од Полска во последниве години може да се избори за некаков позитивен скор против гигантот од Каталонија.

Идентична предност од 4:0 брани и Јувентус пред гостувањето кај Артмедија Петржалка, словачкиот шампион кој се бори за своето второ учество во Лигата на шампионите, по онаа фамозна елиминација на Селтик во третото квалификациско коло во 2005 година. Имено, тогаш Артмедија на свој терен го порази шкотскиот гигант со неверојатни 5:0.

Сепак, Јувентус е намерачен за враќање во континенталниот крем, по тригодишна пауза поради санкциите кои ги заработи за местење на натпревари, по што една сезони мина и во италијанското второлигашко друштво.

"Блиску сме до финиширање на работата која ја поставивме како цел уште минатата сезона, а тоа е враќање во Лигата на шампионите, како најеминентно и најквалитетно натпреварување на Стариот континент. Единствено што и во вечерашниот меч мораме да влеземе со истата желба и одлучност како пред две седмици во Торино", изјави тренерот на Старата дама, Клаудио Раниери, на чиј список е го нема повредениот италијански обранбен репрезентативец, Џорџо Кјелини, кој поради сериозна повреда на коленото ќе отсуствува до октомври.

Затоа, на овој меч, по одлежаната суспензија се враќа чешкиот фудбалски мит, Павел Недвед, а во комбинација за настап се младите Џовинко, Маркизио и Де Чеље, кои го носеа дресот на "азурите" на Олимписките Игри во Пекинг.

Понеизвесно треба да биде на третиот вечерашен двобој, во Атина, каде Панатинаикос ја брани предноста од 2:1 во дуелот со чешкиот претставник Спарта, која во Прага неочекувано загуби од "зелените".

Далеку поинтересно ќе биде на утрешните средби, во кои Ливерпул мора да слави над белгискиот шампион Стандард од Лиеж, Атлетико во Мадрид ќе треба да го надокнади минималниот пораз од Шалке во Гелзенкирхен, додека Стеауа и Галатасарај ги очекува уште еден интересен дуел по оние инстанбулски 2:2.

ДВОЈКИ:

Вечерва играат (во заградата се резултатите од првиот меч):

ПАНАТИНАИКОС - СПАРТА ПРАГА (2:1) 20.45 часот

АРТМЕДИЈА - ЈУВЕНТУС (0:4)

ВИСЛА КРАКОВ - БАРСЕЛОНА (0:4)

Утре играат:

БАТЕ БОРИСОВ - ЛЕВСКИ (1:0) 18.00

КАУНАС - АЛБОРГ (0:2) 19.00

ДИНАМО КИЕВ - СПАРТАК МОСКВА (4:1) 19.45

СТЕАУА - ГАЛАТАСАРАЈ (2:2)

ФЕНЕРБАХЧЕ - ПАРТИЗАН (2:2) 20.00

БАЗЕЛ - ГИМАРАЕШ (0:0) 20.15

АТЛЕТИКО МАДРИД - ШАЛКЕ (0:1) 20.45

ДИНАМО ЗАГРЕБ - ШАХТЈОР (0:2)

ОЛИМПИК МАРСЕЈ - БРАН БЕРГЕН (1:0)

ОЛИМПИЈАКОС - АНОРТОЗИС (0:3)

СЛАВИЈА ПРАГА - ФИОРЕНТИНА (0:2)

АРСЕНАЛ - ТВЕНТЕ (2:0) 21.05

ЛИВЕРПУЛ - СТАНДАРД (0:0)


Наjновo од Спорт
Реваншот само формалност за Јуве и Барса?
Сендерос позајмен на Сан Сиро
"Можам до титулата!"
Се очекува поголема борба за Скудетото
Ривалдо во Узбекистан
Затворени 29. Олимписки игри во Пекинг
Олимписките вредности продолжуваат да живеат
ФФМ ја загуби "битката" со премиите
Достаниќ: Многу врева за ништо!!!
Билет за Шкотска - 1.000 денари
Лапорта останува прв човек на Барселона
Фергусон главен кандидат за селектор на Велика Британија
Кина нема да го добие СП пред 2022 година
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи