
|
 |
Спорт / Фудбал
Достаниќ: Многу врева за ништо!!!
Во Вардар секогаш се случуваат интересни работи, велиме интересни за медиумите, за јавноста. Понекогаш колку и да се сака да се сокријат непријатностите, тие во најголем дел "излегуваат" во спортска јавност. А дека некои работи во Вардар не се кријат доказ е и тоа што и стратегот Ратко Достаниќ, но и потпретседателот Коста Костовски ни потврдија дека во петокот попладнето имало конфликт, размена на "зборови на повисок тон".
Според нашите извори, Достаниќ побарал јавно пред сите Костовски да ја забрза работата околу станот за својот помошник Младен Красиќ, но и нешто во врска со неговиот договор.
" Можеби не беше место ниту време тоа да го сторам. Признавам дека имаше 'конфликт', поточно размена на мислења на повисок тон со Костовски. Не сакам да влегувам во детали зошто тоа е интерна работа на клубот. Видете, во секое семејство, а јас Вардар го сметам за еден вид семејство, има различни мислења, различни погледи на некои работи. Во секој клуб има проблеми, дали се тие мали или големи зависи од самиот клуб. Но тие се решаваат, таквите проблеми се решливи и мислам дека убаво е тоа што веднаш по само еден ден работите си дојдоа во посакуваната нормала. Кога ќе се сретнат двајца интелегентни личности тогаш проблемот, каков и да е, се решава на задоволство на сите страни. Нема потреба од нешто повеќе, уште повеќе мислам дека за овој случај се дигна премногу непотребна врева", потенцираше Ратко Достаниќ.
Ова е нешто ново, имено досега ретко кој тренер во Кометал како Достаниќ по само два месеци работа јавно и тоа пред играчите го искажува незадоволство од некои работи.
"Сите што ме познаваат долго време знаат дека сум голем емотивец. Не го кријам она што сакам да го кажам и можеби затоа реагирав така како што реагирав. Го кажувам во очи па дали му допаѓа или не тоа зависи од човекот. Но подобро е вака отколку работите да течат во непосакувана насока, а незадоволството да тлее и истовремено да се зголемува. Пак ќе повторам, можеби не беше време ниту место тоа да го кажам, но што да правам, го кажав и сега не вреди да се 'враќам'. Најважно е што работите 'слегнаа', проблемите се на пат кон решање и сега веќе сите во клубот сме со мислите кон она што претстои, кон наредниот меч со Ренова", заврши српскиот стратег на клупата на Вардар.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|