вторник, 26.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

ФФМ ја загуби "битката" со премиите

Првиот човек на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, нема сили да им се спротивстави на репрезентативците околу барањата на фудбалерите за премии во новиот квалификациски циклус за СП 2010 година. На последниот собир во Луксембург фудбалскиот врв беше шокиран, но и ставен во мат положба. Мора да се прифати барањата на фудбалерите. Ако ФФМ има пари да плаќа околу 200.000 евра годишно за селекторот Катанец, тогаш ќе мора да ги награди и успесите на националниот тим кој во моментов е најсветлата точка во нашиот фудбал, а и главниот извор на пари во касата на ФФМ.

Капитенот Гоце Седлоски заедно со Пандев, Митрески и Шумуликоски биле на средбата со Хаџи-Ристески. Претседателот на ФФМ се обидел да даде отпор, но не успеал да ги победи упорните фудбалери.

Па така за новиот квалификациски циклус секоја победа ќе биде наградена со по 4.000 евра, а за нерешен резултат репрезентативците ќе заработат по 2.000 евра. Премиите се зголемени за околу 30% од минатиот циклус, а за 100% се зголемува сумата на фудбалерите кои ќе ја добиваат за повик во дресот со државниот грб која сега изнесува 500 евра.

"Не е се во парите. Посакуваме и заслужуваме поголемо внимание. Повеќето од нас добро заработуваат и не им е до тие пари од националниот тим. Играме за својата земја од срце, а не за да заработиме. Сакаме да бидеме третирани како репрезентативците од другите земји", коментираат дел од нашите фудбалери кои имаат голем стаж во дресот со државниот грб.

Ваквото барање на фудбалерите беше очекувано со оглед на последните случувања во нашиот фудбал. ФФМ во минатиот циклус се расфрлаше со пари кога на сите патувања имаше поголеми трошоци за своите гости, делегати и гласачка машинерија отколку за самите фудбалери. Челниците на ФФМ подготвени заминале во Луксембург и очекувале "напад" од фудбалерите, но нивните анализи за тоа како се плаќаат фудбалерите во Црна Гора и БиХ не ги смени барања кај лидерите во нашиот национален тим.

Хаџи-Ристески по средбата на фудбалерите им соопштил дека го прифаќа нивниот предлог иако тој лично не е задоволен од ваквото барање.


Наjновo од Спорт
ФФМ ја загуби "битката" со премиите
Достаниќ: Многу врева за ништо!!!
Билет за Шкотска - 1.000 денари
"Отвораат" Фершпед Работнички и Фени Индустри
Сендерос позајмен на Сан Сиро
Реваншот само формалност за Јуве и Барса?
Лапорта останува прв човек на Барселона
Фергусон главен кандидат за селектор на Велика Британија
Кина нема да го добие СП пред 2022 година
Реал победник во Суперкупот на Шпанија
Интер го освои Суперкупот на Италија
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи