вторник, 26.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Шевченко успешно ги минал медицинските тестови

Украинскиот репрезентативец, Андриј Шевченко, во понеделникот ги минал медицинските тестови, и дефинитивно се приклучи на својот стар клуб Милан.

Од 1999 година до 2006 година Шевченко го предводеше Милан и беше негов најдобар стрелец, а потоа две години мина во Челзи. Но, многу повеќе седеше на клупата отколку што играше во лондонскиот клуб.

За Челзи во тие две години одигра 47 натпревари и постигна девет погодоци. Формата на 31 – годишниот украинец во Премиерлигата падна на најниско ниво, па затоа се почесто седеше на клупата.

Враќањето во Милан е негов нов обид да ги оживее добрите игри кои ги презентираше пред неколку години.

Од клубот од Сан Сиро изјавиле дека Шевченко ги минал сите тестови без проблеми и дека ќе биде во конкуренција за првиот натпревар од новата сезона во Сериа А в недела кога Милан го дочекува повратникот во првата лига Болоња.


Наjновo од Спорт
Шевченко успешно ги минал медицинските тестови
ФФМ ја загуби "битката" со премиите
Достаниќ: Многу врева за ништо!!!
Билет за Шкотска - 1.000 денари
Лапорта останува прв човек на Барселона
Фергусон главен кандидат за селектор на Велика Британија
Кина нема да го добие СП пред 2022 година
Реваншот само формалност за Јуве и Барса?
Сендерос позајмен на Сан Сиро
Се очекува поголема борба за Скудетото
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи