
|
 |
Спорт / Фудбал
Анчелоти мора да го освои "скудетото"
Управата на Милан му порача на својот тренер Карло Анчелоти дека со актуелниот извонреден тим кој го има на располагање, би морал да го освои италијанското првенство.
"Со засилувањата кои Анчелоти ги доби и со оглед на составот кој го поседува, тој едноставно мора да го освои "скудетото". Тоа е нашата цел и наша порака до него. Тоа е патот кој мора да го изоди. Самиот Анчелоти е свесен за силата на фудбалерите со кои тоа ќе мора да го направи. Тоа секако не значи дека не смее да загуби ниту еден натпревар, но значи дека ќе мора да остане во борба за насловот се до последното коло од Серија А", истакна потпретседателот на Милан, Адријано Галијани за весникот "Газето дело спорт".
Милан летово ги доведе Роналдињо и Шевченко како мега-засилувања, а во силниот тим треба да се вклопат и довчерашните "арсеналовци" Фламини и Сендерос, што и онака силниот состав на "росонерите" му дава дополнителна квалитативна димензија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|