среда, 27.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

"Дани не вредеше повеќе од 15 милиони"

Руската фудбалска јавности и два дена по сензационалниот трансфер на Дани од Динамо (М) во екипата на Зенит зборува единствено за економскиот аспект на трансферот. Се случи она што го немаат ниту дел од најголемите европски фудбалски лиги, рекордни 30 милиони евра исплатени за фудбалер кој настапува во руската Премиер-лига. Рекордот е соборен, а во Русија уште еднаш се покажа дека парите очигледно не недостасуваат кога се во прашање фудбалерите и успесите на екипите. Зенит со својот мега-спонзор "Газпром" и натаму се обидува тимот да го изнесе во европските фудбалки височини, а по успехот со освојувањето на Купот на УЕФА лани, сега цел е Лигата на шампионите.

Рекорд од европски размери

Завчера Зенит го реализираше историскиот трансфер во рускиот фудбал. 25-годишниот играч за врска, Дани, за рекордни 30 милиони евра замина од Москва и во иднина ќе го носи дресот на шампионот од Ст. Петерсбург. Сумата на зделката е вистински хит! Ова не е само најголемиот трансфер во Русија, туку поголем и од најголемиот досега реализиран во германската Бундес-лига, која е далеку поатрактивна лига од руската. Таму рекордот го држи Рибери со 25 милиони евра, но Дани во Русија го собори и неговиот за цели 5 милиони евра.

Тимот од Ст. петерсбург доби еден класа фудбалер на средината на теренот. Момче кое уште на 15-годишна возраст го направи своето деби за селекцијата во победата на Португалија над Фарските Острови од 5:0. Беше вистинска ѕвезда во 2005 година кога од Спортинг реши да замине на печалба во Русија. Во Зенит стравуваа за иднината на клубот по заминувањето на Аршавин, па затоа поитаа да го купат Дани. Задоволни се и фановите, презадоволен е и тренерот.

За пола пари можеа да го купат Билјалетдинов

Руските медиуми се потсетуваат на изјавите на Португалецот дека се чувствува одлично во Москва и дека не би сакал да си оди од Динамо. Сепак, се случи тоа што се случи, а Русите сега прават пресметки дали Зенит не го прецени Дани според сумата која ја плати за него?

Ако се погледнат дел од фудбалерите кои му стоеја на располагање на Адвокат да бира како нови засилувања, можеби ќе можеше да мине и поефтино - далеку поефтино. Не е тајна дека и за половина од овие пари можеа да им го "соберат" капитенот на Локомотив од Москва, Билјалетдинов. Можеа да го донесат и Жирков од ЦСКА. Можеа дури да одат и на уште поатрактивно име, но тие решија да платат богатство за Португалецот.

Колку оваа нова инвестиција ќе биде полезна, останува да покаже времето, но не на долги релации затоа што од Дани, Зенит и фановите чекаат резултати веднаш.

Можеше ли Динамо да го задржи?

Динамо, теоретски, можеше и да не му дозволи на Дани да замине во Ст. Петерсбург. Сепак, за тоа ќе мораше да му понуди едно брдо пари, рајски куќи или двапати повеќе од она што Зенит ќе му го исплати за договорот со важност до 2011 година. Оттука, малкумина во Русија веруваат дека Динамо имаше шанси во трката со Зенит за Дани. Сумата од 3 милиони годишно која Дани ќе ја добива за престојот во Зенит беше преголема за да успеат да го натераат московјаните да остане во нивните редови.

Зенит и натаму ќе продолжи со битката за најголемите имиња во рускиот фудбал. Тоа го најави и Константин Сарсанија, кој работи во улога на главен советник за трансфери во клубот. Тој не криеше ден по трансферот на Дани да најави дека Зенит од сега ја почнува "мисијата продолжување на договорите со Погребњак и Тимошчук". Фудбалерите за кои се интересираат големите европски клубови, според Сарсанија, ќе добијат "симпатични" понуди за да останат во Русија.

На што останува Динамо?

Плусот и минусот се големи. Да го загубиш најдобриот играч за врска, а да добиеш цело богатство. Сега останува да се сочека следниот потег на управата на еден од тимовите кои во последниве години имаат најголеми буџети во руската Премиер-лига. Експертите велат дека Динамо (М) направи одличен потег со продажбата на Дани. Сумата која ја доби е одлична. Подобра не можеше да добие ниту да го продадеше во Премиер-лигата во Англија, каде клубовите најмногу плаќаат за фудбалските имиња. Проценките се дека Дани на европскиот трансфер маркет не вреди повеќе од 15 милиони евра, но... Зенит не мисли така.

Динамо го донесе уште вчера Австралиецот Вилкшир од Твенте. Тој е крилен фудбалер и не може да ја пополни празнината која ја остави Дани. За ново име имаат време само уште неполна недела.

Аршавин може да си оди за 22 милиони евра

Агентот на Андреј Аршавин е сигурен дека по доаѓањето на Дани неговиот клиент го напушта Ст. Петерсбург. Најдобриот руски фудбалер од последното ЕП, според агентот, за сума од 22 милиони евра може да си оди од Зенит. Прашање е само дали Тотенхем ќе продолжи и натаму со притисокот за да го донесе рускиот фудбалер во својот тим до крајот на трансфер периодот.

10 НАЈСКАПИТЕ ТРАНСФЕРИ ОВА ЛЕТО

Играч од во цена (во евра)

Дани Алвеш Севиља Барселона 32.000.000

Дани Динамо (М) Зенит 30.000.000

Жо Цска(М) Манчестер С. 24.000.000

Роби Кин Тотенхем Ливерпул 24.000.000

Амаури Палермо Јувентус 22.800.000

Хавиер Масчерано Коринтијанс Ливерпул 22.500.000

Давид Бентли Блекбурн Тотенхем 22.000.000

Роналдињо Барселона Милан 21.000.000

Лука Модриќ Динамо (З) Тотенхем 21.000.000

Босингва Порто Челзи 20.500.000


Наjновo од Спорт
"Дани не вредеше повеќе од 15 милиони"
Сакам да тренирам со Реал Мадрид
Анчелоти мора да го освои "скудетото"
Шевченко успешно ги минал медицинските тестови
ФФМ ја загуби "битката" со премиите
Достаниќ: Многу врева за ништо!!!
Билет за Шкотска - 1.000 денари
Фергусон главен кандидат за селектор на Велика Британија
Лапорта останува прв човек на Барселона
Кина нема да го добие СП пред 2022 година
Реваншот само формалност за Јуве и Барса?
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи