
|
 |
Спорт / Фудбал
Реал (М) плаќа 52 милиона, Челзи опонира со 50 милиони
Шпанските медиуми објавија дека екипата на Реал (М) тргна со астрономски суми за да го ангажира на "Сантијаго Бернабе" голгетерот на екипата на Валенсија, Давид Виља. Само откако слушна дека Реал (М) "загриза" за Виља, веднаш со понуда се огласи и рускиот тајкун Роман Абрамович, кој ја зголеми првопонудената понуда на "кралевите" за цели 3 милиони евра.
Според првата понуда, Реал (М) понуди 47 милиони евра за да го добие потписот на "Кралскиот клуб", но претседателот на Валенсија веднаш ја одби истата. Реал долго време најавуваше дека трансфер пазарот за клубот е затворен, но очигледно апетитите за нови имиња се засилија откако стана јасно дека Робињо ќе замине во екипата на Челзи.
Управата на Реал го искористи гостувањето на Валенсија во Суперкупот за да разговара со менаџерот на Виља, но од Валенсија континуирано велат дека голгетерот не е на продажба. Докрајот на вчерашниот ден Реал (М) требаше да достави понуда вредна 52 милиони евра, што е сума поголема за цели 15 милиони од она што "Кралскиот клуб" ќе го добие од трансферот на Робињо.
Челзи, пак, се приклучи во битката за Давид Виља. Абрамович оди со понуда тешка 50 милиони евра, но и тој нашол на едно големо "Не" од претседателот на тимот од "Местаља", Висенге Сориано.
"Сините" нема да се откажат од притисокот до Валенсија да го добијат Виља, особено откако стана јасно дека Валенсија најмалку од се би го продала својот најдобар играч во некој од клубовите во Шпанија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|