среда, 27.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Ливерпул нема право на кикс

Со вечерашните тринаесет натпревари се спушта завесата на квалификациските борби за влез во европската фудбалска елита, богатата Лига на шампиони.

Ако се погледнат резултатите од првите средби, најбезбедни треба да се екипите на Арсенал и на Динамо од Киев, кои на своите стадиони ќе бранат енормна предност создадена на првиот дуел од третото квалификациско коло.

Арсенал славеше над Твенте во Енчкеде со 2:0, а овојпат засилен со враќањето на извонредниот шпански репрезентативец од средината на тренот, Сеск Фабрегас, не смее да има никакви проблеми да ја оствари посакуваната цел.

Уште поголема предност има украинскиот шампион, Динамо од Киев, кој славеше со 4:1 при визитата кај екс-ривалот од Советскиот Сојуз, московски Спартак, па за очекување е дека Русите нема да можат да направат сензација и да возвратат за резултатското фијаско кое го доживеја пред своите навивачи.

Затоа, на маки е најтрофејниот англиски колектив, двојниот финалист од последните четири изданија на Лигата на шампионите и европски првак од 2005 година, екипата на Ливерпул, која на Енфилд го пречекува белгискиот шампион Стандард. На првиот меч во Лиеж немаше ниту еден погодок, па "црвените" се принудени да слават победа над веројатно дефанзивно ориентираните гости, за да се најдат меѓу 32-те најдобри екипи на Стариот континент.

"Нашата изведба во Лиеж беше слаба, но резултатот е добар. Овојпат, на крилјата на нашите верни навивачи ќе се прикажеме во вистинското светло", вели Бенитез, кој секоја година по доаѓањето во Ливерпул мора да се справува со квалификации за влез во Лигата на шампионите, која стана негова специјалност со оглед на трите пласмани во полуфиналето, два во финалето и еден скапоцен трофеј.

Во дресот на Ливерпул се враќа златниот олимпиец Хавиер Маскерано, кој заедно со Бабел не играше во Белгија, а 90 минути се очекуваат и од капитенот Џерард, кој во првиот меч поради повреда влезе како резервен играч.

Големи возбудувања треба да донесе и мечот на "Висенте Калдерон" во Мадрид, каде од ЛШ ќе се прости Атлетико или германскиот претставни Шалке 04, кој на првиот меч во Гелзенкирхен славеше минимална победа од 1:0.

Одличниот мадридски тим најавува триумф, а надежта ја поткрепува со фактот што во тимот се враќа извонредниот аргентински напаѓач Серхио Кун Агуеро, кој настапуваше за првопласираната олимписка селекција. Домашниот тренер, Мексиканецот Хавиер Агуире нема да смета на повредениот Тиаго Мота, додека кај Шалке се враќа Бразилецот Рафиња, кој исто така настапуваше на ОИ, каде со "кариоките" се закити со бронзеното одличје.

Ждрепката за осумте групи од Лигата на шампионите, креирани од по четири континентални фудбалски колективи, ќе се одржи утре во 18.00 часот во Монте Карло.




Наjновo од Спорт
Ливерпул нема право на кикс
Манчестер Сити се соочува со елиминација
Денис се срами што е Англичанец!
Реал (М) плаќа 52 милиона, Челзи опонира со 50 милиони
"Дани не вредеше повеќе од 15 милиони"
Сакам да тренирам со Реал Мадрид
Анчелоти мора да го освои "скудетото"
Шевченко успешно ги минал медицинските тестови
Билет за Шкотска - 1.000 денари
ФФМ ја загуби "битката" со премиите
Фергусон главен кандидат за селектор на Велика Британија
Лапорта останува прв човек на Барселона
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи