
|
 |
Спорт / Фудбал
Рамос бара поголема плата
Дефанзивецот на шпанската фудбалска репрезентација Серхио Рамос побара од екипата на Реал (М) да му ја зголемат платата во новиот договор. Според пишувањето на шпанските весници, Рамос преку својот менаџер побарал од управата на "Кралскиот клуб" да најдат начин на кој ќе бидат зголемени неговите примања на "Бернабе".
Гледајќи дека Реал (М) е подготвен да понуди астрономски суми за ангажманот на Кристијано Роналдо и Давид Виља, Рамос смета дека овој потег не е никаква уцена туку реално барање на фудбалер од стартниот тим кој минатата сезона беше носител на играта на тимот. Своите квалитетни партии во составот на Реал (М) Рамос се надева дека ќе ги наплати во новиот "дил" со Калдерон.
Братот на фудбалерот, Рене, се сретнал со неколку од луѓето од управниот одбор на тимот и најавил дека Серхио мора да добие зголемување на платата. Рене барал од 6 милиони во бруто приходи, платата на неговиот брат сега да биде 6 милиони во нето приходи.
Пред извесно време Реал (М) им ги зголеми платите со новите договори на Касиљас, Раул и Гути.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|