
|
 |
Спорт / Фудбал
Веќе видено - ништо ново
Ништо ново во списокот на фудбалската репрезентација на Македонија и имињата на фудбалерите за претстојните квалификациски средби со Шкотска и Холандија. Очекуван кам-бек за Стевица Ристиќ, голгетерот на корејскиот Поханг Стилерс, кој не настапи против Луксембург поради тоа што настапува на Далечниот Исток.
Среќко Катанец повторно ќе смета на Ертан Демири и Ванчо Трајанов, двајцата фудбалери кои го пропуштија последниот тест поради повреди. И двајцата се уште немаат меч за своите клубови, но затоа пак добија повик за настап во националниот тим. Се враќа и Бобан Грнчаров кој ја зголемува конкуренцијата во одбраната и ја потполнува бројката од 20 фудбалери. По долга, долга пауза во националниот состав имаме толку многу репрезентативци.
Се уште не е фит Илчо Наумоски, кој доби полесна, но и незгодна повреда на дуелот во Луксембург. Тој с$ уште не е комплетно фит и недоволно заздравен ќе се појави на собирот во понеделник, на 1 септември, во хотелот "Стоун Бриџ", во Скопје. Селекторот ќе ги прозива фудбалерите во 11 часот.
Од списокот може да се заклучи дека на истиот има неколку недоволно заздравени фудбалери и фудбалери кои не се стандардни во своите екипи. Повторно е заобиколен еден Гоце Толески (Славија), Аце Митрески (Келн), Роберт Попов (Оксер)...
Националниот тим до дуелот со Шкотска ќе тренира во Скопје, и тоа на "Чаир" и на "Градски". Нема како во минатото да се бега во Охрид затоа што селекторот сака фудбалерите да се адаптираат на скопскиот воздух.
СПИСОКОТ НА КАТАНЕЦ
Голмани
Петар Милошевски Енозиз
Томе Пачовски Вардар
Одбрана:
Гоце Седлоски Матерсбург
Игор Митрески Енерџи Котбус
Николче Новески Мајнц
Бобан Грнчаров Гент
Владе Лазаревски Полонија
Горан Попов Херенвен
Мирослав Вајс Вардар
Роберт Петров Пансериакос
Среден ред:
Влатко Гроздановски Војводина
Дарко Тасевски Левски
Артим Положани Вардар
Величе Шумуликоски Ипсвич
Ванчо Трајанов Черноморец
Ертан Демири Локерен
Напад:
Горан Пандев Лацио
Горан Мазнов Томск
Илчо Наумоски Матерсбург
Стевица Ристиќ Поханг
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|