
|
 |
Спорт / Фудбал
Зголемете го голот за да биде поинтересно
Легендата на германскиот фудбал, тазе пензионираниот Оливер Кан, се појави со интересна изјава и барање до Светската куќа на фудбалот, за зголемување на димензиите на голот за да се добие на динамика и атрактивност.
"На публиката и треба поголема забава. Со други зборови, во фудбалот недостасуваат промени. Мора да се бараат средби на кои има повеќе погодоци, затоа што тоа ги прави навивачите среќни. Веќе имаше некои предлози за зголемување на димензиите на голот за неколку сантиметри. Мислам дека тоа е прифатливо и мислам дека предлогот да нема нерешено исто така е одличен за фудбалот", вели Кан.
Легендата на Баерн (М) меѓу диреците беше 577 пати, а мрежата на германската репрезентација ја чуваше на 86 средби. На голот на баварците се најде цели 14 сезони (последователно), освојувајќи осум титули и шест германски Купови. Беше и шампион на Европа од 2001 година.
39-годишниот Оливер Кан го очекува својот проштален меч кој ќе се одигра на 2 септември.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|