
|
 |
Спорт / Фудбал
Почна да се ставаат рефлекторите кои мора да обезбедат светлост од 1.200 лукса за дуелот со Холандија "Градски" со монтажни рефлектори
"Спорт 5", фирмата која ги продава ТВ правата на македонската фудбалска репрезентација, почна да ги монтира привремените рефлектори на "Градски" со чија помош квалификацискиот меч со Холандија ќе се одигра во вечерен термин. Веќе неколку дена на "Градски" се прават тестови. Треба да се обезбедат најмалку 1.200 лукса за одигрување на средбата со "лалињата", која е закажана за на 10 септември од 20.30 часот. Дознавме дека 6 септември е крајниот рок до кога треба да бидат разрешени сите дилеми околу осветлувањето. Тоа е терминот кога го играме дуелот со Шкотска кога делегатот на средбата Пиерино Ларди од Швајцарија ќе направи и тестирање на рефлекторите.
 Како што е познато "Градски" е во изградба. Капацитетот на стадионот е намален затоа што северната трибина се реновира и не е во употреба. Затоа на претстојните средби со Шкотска и Холандија фановите кои ќе го гледаат дуелот преку ТВ ќе гледаат едно големо градилиште. Ниту ФФМ, а ниту градежната фирма "Бетон" не планираат да ја покријат сликата на северната трибина на која се гледаат основата на новата трибина и комплетното градилиште.
Кога сме кај осветлувањето вреди да се напомене дека на стадионот ќе бидат монтирани 4 помошни рефлектори кои со постоечките два рефлектори (од јужната трибина) ќе треба да го достигнат потребното ниво на луксажа. "Градски" со години имаше проблеми со осветлувањето и добра работа е тоа што дуелот со Шкотска ќе се игра на дневна светлина. Најавено е дека фирмата "Спорт 5" сама ќе ги плати трошоците за изнајмување на рефлекторите која изнесува околу 110.000 евра.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|