
|
 |
Спорт / Фудбал
Манчестер Сити на пенали го мина Митјиланд
Фудбалерите на Манчестер Сити сепак ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот со данскиот претставник Митјиланд и обезбедија пласман во првото коло од Купот на УЕФА.
И покрај поразот на првиот меч пред својата публика од, "граѓаните" не се предадоа, а со иста мера и минимален триумф возвратија дури во 89. минута, со автоголот на Калиф. Натамошниот прогрес, играчите на Марк Хјуз го обезбедија дури по подоброто изведување на пенали.
Многу возбудливо беше во Белград, каде продолжи феноменалната седмица за кипарскиот фудбал. По пласманот на Анортозис во Лигата на шампионите и триумфот на Омонија над атински АЕК, славје и за тимот на АПОЕЛ од Никозија, кој поради правилото "гол во гости" го елиминираше некогашниот европски првак, Црвена Ѕвезда.
По 90 минути беше 2:2, идентично како и во Никозија, откако Ѕвезда се врати во игра во последните 13 минути од мечот, а во продолженијата, најпрвин поведоа "црвено-белите", но Кипраните имаа свој адут во Миросављевиќ, кој го постигна голот за радост на три минути пред крајот на екстра-времето.
Од останатите натпревари, за издвојување се победите на Рен над норвешки стабаек и хрватскиот претставник Славен Белупо над солунски Арис од 2:0, со што беше надокнаден дефицитот од еден гол од првиот дуел. Розенборг беше немилосрден кон соседите од Шведска, фудбалерите на Ѓургарден и по поразот од 2:1 на гости, возврати со "петарда" во мрежата на опонентот.
Во следната рунда од второто по квалитет континентално фудбалско натпреварување, ќе партиципираат и поразените од третото квалификациско коло за влез во Лигата на шампионите.
Мечевите од официјалното прво коло на Купот на УЕФА, како последна пречка пред стартот на натпреварите по групи, се играат на 18 септември и 2 октомври. Ждрепката за овие средби е закажана за денес, во 13.00 часот, а нема да се изврши во седиштето на европското фудбалско тело УЕФА, швајцарскиот град Нион, туку во Монте Карло, каде вечерва ќе се игра европскиот Супер куп помеѓу континенталниот шампион Манчестер Јунајтед и освојувачот на ланскиот пехар од Купот на УЕФА, рускиот првак Зенит од Санкт Петерсбург, кој годинава нема да ја брани титулата, туку ќе игра во ЛШ.
РЕЗУЛТАТИ:
*МОСКВА - ЛЕГИЈА (2:1) 2:0
Стрелков 6', Кузмин 49'
МИТЈИЛАНД - *МАНЧЕСТЕР С. (1:0) 0:1 (2:4 на пенали)
Калиф 89' (а.г)
КИРЈАТ ШМОНА - *ЛИТЕКС (0:0) 1:2
Царфати 8' - Попов 21', Сандрињо 53'
*ХАПОЕЛ Т.А. - ВОЈВОДИНА (0:0) 3:0
Ибоа 29', Вермонт 57', Абутбул 76'
ЗРИНСКИ - *БРАГА (0:1) 0:2
Пеишото 56', Матеус 90'
*ХЕРТА - ИНТЕРБЛОК (2:0) 1:0
Еберт 3'
*СЛАВЕН Б. - АРИС (0:1) 2:0
Гарсија 14' (а.г), Вручина 64'
*САЛЦБУРГ - СУДУВА (4:1) 0:1
Јасаитас 78'
ВИКИНГ - *ХОНКА (0:0) 1:2
Гарде 8' - Халанп 20', Лепола 55'
*ЧЕРНО МОРЕ - МАКАБИ Н. (1:1) 2:0
Алекс 8', Андре 77'
*КАЛМАР - ГЕНТ (1:2) 4:0
Сулер 4' (а.г), Ингелстен 54', 86', 90'
ЛИЛЕСТРЕМ - *КОПЕНХАГЕН (1:3) 2:4
Осеан 29', Брене 76' - Сантин 10', Алмеида 24', Хачинсон 79', Жуниор 87'
*ОМОНИЈА - АЕК (1:0) 2:2
Дуро 11', 70' - Бланко 16', Павлис 90'
*РОЗЕНБОРГ - ЃУРГАРДЕН (1:2) 5:0
Иверсен 42', 67' (п), 86' (п), Конан 65', Скјелбред 73'
*АВСТРИЈА - ВИТ 2:0 (само еден меч)
Хатенбергер 27', Окоти 73'
*БРОНДБИ - ХАКА (4:0) 2:0
Мадсен 29', Холмен 40'
*ВАСЛУИ - МЕТАЛУРГС (2:0) 3:1
Бурдујан 4', Кану 6', Н'даје 29' - Антонио 89'
*ЖИЛИНА - ЛИБЕРЕЦ (2:1) 2:1
Белак 81', Јеж 87' - Незмар 90'
ШТУРМ - *ЦИРИХ (1:1) 1:1 (2:4 на пенали)
Хојцл 11' - Абди 5'
*БЕШИКТАШ - ШИРОКИ Б. (2:1) 4:0
Инчеман 14', Озкан 49', Бобо 58', Тело 85'
ДЕБРЕЦЕН - *ЈАНГ БОЈС (1:4) 2:3
Олах 42', Дуду 73' - Шневли 32', Регацони 56', Јапи-Јапо 67'
ГРАСХОПЕРС - *ЛЕХ (0:6) 0:0
*БЕЛИНЦОНА - ДНИПРО (2:3) 2:1
Гаши 1', Рока 76' - Самодин 9'
ЦРВЕНА ЅВЕЗДА - *АПОЕЛ (2:2) 2:2; 3:3 (по продолженија)
Субашиќ 77, Милијаш 85', 103' (п) - Косовски 54', Пинто 57', Миросављевиќ 117'
ЃЕР - *ШТУТГАРТ (1:2) 1:4
Ланиг 31', Хицлшпергер 41', Гомез 55', 60'
*РЕН - СТАБАЕК (1:2) 2:0
Лерој 38', 80'
ХАЈДУК - *ЛА КОРУЊА (0:0) 0:2
Рики 42', Верду 87' (п)
*СЕНТ ПАТРИК'С - ЕЛФСБОРГ (2:2) 2:1
Гевин 86', Квигли 90' - Ишизаки 63'
*АСТОН ВИЛА - ХАФНАРФЈОРДУР (4:1) 1:1
Гарднер 27' - Бјернсон 30'
*НАПОЛИ - ВЛАЗНИЈА (3:0) 5:0
Пинаудо 42', 55', Пи 52', Лавеци 80', Хамшик 87'
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|