
|
 |
Спорт / Фудбал
Луѓе од ФФМ како тапкароши!?
"Пукна" нова брука, нов скандал на ФФМ. Речиси сите медиуми на островото во нивните вчерашни изданија ја спомнаа Македонија, но за жал во негативен контекст. Како што пишуваат тамошните медиуми, постои можност околу 750 шкотски навивачи кои планираат да допатуваат во Скопје, да не успеат да влезат на Градскиот стадион на 6-ти септември и да го проследат квалификацискиот меч помеѓу Македонија и Шкотска. Проблемот се билетите кои тие деновиве ги купуваат. Имено како што објави тиражниот весник "САН", околу 750 шкотски навивачи плаќале по 31 фунта (2384 денари) за билет на Јужната трибина на Градски, каде што сепак не е дозволено за гостинските навивачи. Разликата на нормалната цена на билетите е огромна со она која ја плаќаат Шкотите. Како што веќе е познато, влезот за "Јужна" ќе чини 1000 денари.
Овие билети шкотите ги набавуваат од извесен германски препродавач кој има агенција во Скопје. Весникот "САН" друи објави и изјава од Дирк Вајзман кој вели дека само сака да им помогне на навивачите на Шкотска да го проследат овој меч.
"Сакам само да им помогнам на навивачите да дојдат до билет и да го проследат во живо натпреварот. Јас не сум препродавач ниту пак, сум вљубеник на фудбалот. Им препорачувам на навивачите парите за овие билети да си ги побараат во земјата домаќин на натпреварот. Морам да додадам дека македонските авторитети ми побараа мито за да ги проследам билетите до шкотските навивачи", е изјавата на германецот Дирк Вајзман, за тиражниот весник "САН".
Со оглед на тоа дека ФФМ ги демантира ваквите информации, говорејќи дека тоа е само нова психолошка војна на шкотите пред квалификацискиот дуел, сепак се поставува прашањето зошто шкотите купувале билети и како германецот воопшто дошол до истите. Едно се знае дека "некој" добро се заработил. Ако се знае дека околу 750 навивачи купиле билети, и ако се знае дека тоа го направиле по цена од 31 футна, тогаш се добива сума од цели 23.250 фунти. Втора работа е тоа како толку многу билети може да препродаде само една личност ако се знае дека правилата се многу строги. ФФМ од претходно донесе одлука дека една личност може да купи најмногу два билета за еден меч.
Покрај демантот на ФФМ, исто така и во фудбалската федерација на Шкотска се изненадени од ваквите пишувања и велат дека билетите кои се купуваат преку нив се за трибината зад голот. Тие имаат информации за секој нивен купувач, додека потенцираат дека не можат да ги контролираат навивачите кои на своја рака се обидуваат да додјат до билет.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|