петок, 29.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Зенит во група со Реал и Јуве

Актуелниот освојувач на Купот на УЕФА, рускиот првак Зенит од Санкт петерсбург немаше многу среќа при вчерашната ждрепка за грпуите од Лигата на шампионите, бидејќи се падна во квартет со гигантите Реал мадрид и Јувентус.

Групата Х, во која уште се најде и дебитантот, БАТЕ Борисов од Белорусија, треба да биде една од најинтересните со оглед на објективниот играчки капацитет на Зенит, кој ќе се обиде да им ги замрси сметките на фаворизираните поранешни европски шампиони.

На хартија, најкомпетитивна треба да биде групата Д, каде ќе продефилираат три поранешни освојувачи на најпрестижниот европски пехар, преводени од Ливерпул. Англискиот гигант доби два клуба со кои се натпреваруваше во ланската фаза по групи, некогашните шампиони на Стариот континент, ПСВ Ајндховен и Олимпик Марсеј, но се чини дека најголемите грижи на Бенитез ќе му ги зададе четвртиот клуб во ова друштво, односно Атлетико од Мадрид, кој во оваа сезона влегува со големи амбиции и со извонреден состав кој го декласираше Шалке.

Најинтересен аспект од двобоите меѓу Ливерпул и Атлетико ќе биде фактот што напаѓачот на "црвените", феноменалниот шпански шпиц Фернандо Торес ќе има можност по првпат да се соочи со клубот од кој потекнува и од кој дојде на Енфилд.

"Сега веќе нема лесни мечеви. Кој и да ни е противник, сигурно дека нема да биде лесно, па затоа не размислуваме дали оваа ждрепка беше погодна за нас или не. Одиме само напред, бидејќи ние сме воодушевени и со самиот факт што повторно ќе атакуваме на шампионскиот пехар", вели спортскиот директор на Ливерпул, Рик Пери.

Доста квалитетна е и групата Ф, каде се Лион и Баерн Минхен, заедно со силната Фиорентина и незгодната Стеауа, додека европскиот првак Манчестер Јунајтед за опоненти ги доби островскиот ривал Селтик, шпанскиот вицешампион Виљареал и дебитантот во оваа конкуренција, данскиот првак Алборг.

Натпреварите од оваа фаза започнуваат на 16 септември, а завршуваат на 10 декември, по што првопласираните две екипи ќе го чекаат осминафиналето кое се игра следната година.

Група А

ЧЕЛЗИ

РОМА

БОРДО

КЛУЖ

Група Б

ИНТЕР

ВЕРДЕР

ПАНАТИНАИКОС

АНТОРТОЗИС

Група Ц

БАРСЕЛОНА

СПОРТИНГ

БАЗЕЛ

ШАХТЈОР

Група Д

ЛИВЕРПУЛ

ПСВ АЈНДХОВЕН

МАРСЕЈ

АТЛЕТИКО МАДРИД

Група Е

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

ВИЉАРЕАЛ

СЕЛТИК

АЛБОРГ

Група Ф

ЛИОН

БАЕРН

СТЕАУА

ФИОРЕНТИНА

Група Г

АРСЕНАЛ

ПОРТО

ФЕНЕРБАХЧЕ

ДИНАМО КИЕВ

Група Х

РЕАЛ МАДРИД

ЈУВЕНТУС

ЗЕНИТ

БАТЕ БОРИСОВ

Прво коло: 16/17.09.2008

Второ коло: 30.09/01.10.2008

Трето коло: 21/22.10.2008

Четврто коло: 04/05.11.2008

Петто коло: 25/26.11.2008

Шесто коло: 09/10.12.2008



Наjновo од Спорт
Зенит во група со Реал и Јуве
Луѓе од ФФМ како тапкароши!?
Манчестер Сити на пенали го мина Митјиланд
Без Илиевски на неодредено време
"Градски" со монтажни рефлектори
Зголемете го голот за да биде поинтересно
Македонските кошаркарки ја победија Естонија
Бате Борисов, Анортозис, Алборг во елитата
Сто милиони евра за Кака
“Роналдо ќе замине во Манчестер Сити“
Робињо пристигнува на "Стемфорд Бриџ"
Веќе видено - ништо ново
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи