сабота, 30.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Трофејот во витрините на Зенит

Фудбалерите на Зенит го освоија вториот европски трофеј во нивната историја, совладувајќи го актуепниот европски шампион Манчестер Јунајтед со 2:1 во синоќешниот континентален Супер куп одигран на стадионот на Монако.

Зенит славеше со 2:1, во меч во кој беше подобар опонент од славниот англиски клуб, донесувајќи и го на Русија првиот пехар од ова натпреварување, откако московска ЦСКА загуби од Ливерпул пред три години.

Водечкиот гол за екипата од Санкт Петерсбург беше дело на повратникот на теренот, рускиот репрезентативен напаѓач Павел Погребњак, кој поради операција паузираше долго време и го пропушти ЕП. Победоносниот гол за составот на холандскиот стратег Дик Адвокат, беше извонредниот Португалец Дани Алвеш, кој во своето деби по остварувањето на најскапиот трансфер од Динамо Москва во историјата на рускиот фудбал, беше прогласен за најдобар фудбалер на овој престижен дуел, а малку фалеше да биде и двоен стрелец.

Почесниот гол за "бебињата' во чии редови недостасуваа Роналдо, Керик, Гигс и Харгрејвс, беше дело на српскиот дефанзивец Немања Видиќ во 73. минута.

За одбележување е и црвениот картон на Пол Сколс, кој откако заработи жолт во првиот дел, постигна гол со рака и поради тоа заслужено беше исклучен.

Зенит на тој начин ја заокружи феноменалната 2008 година, во која станаа шампиони на Русија со што обезбедија директен премиерен пласман во Лигата на шампионите, го освоија и трофејот од Купот на УЕФА, а неколкумина руски репрезентативци предводени од Аршавин блескаа на Европското првенство во Австрија и Швајцарија, каде стигнаа до полуфиналето.

МАНЧЕСТЕР Ј. - ЗЕНИТ (0:1)

Видиќ 73' - Погребњак 44', Дани Алвеш 59'

Жолти картони: Тевез (Манчестер Ј)

Црвен картон: Сколс (Манчестер Ј)

Монте Карло. Стадион: Луј Втори. Гледачи: 20.000. Главен судија: Клаус Бо Ларсен од Данска

МАНЧЕСТЕР Ј: Ван дер Сар, Невил, Фердинанд, Видиќ, Евра, Флечер (О'Шеј 60'), Андерсон (Парк 60'), Сколс, Нани, Руни, Тевез.

ЗЕНИТ: Малафеев, Крижанац (Радимов 69'), Анјуков, Пујгрение (Широков 62'), Сирл (Аршавин 45'), Жирјанов, Дани Алвеш, Денисов, Тимошчук, Погребњак, Домингез.


Наjновo од Спорт
Трофејот во витрините на Зенит
Роси оди на триумф
Пандев е надежта на Лацио за Куп УЕФА
Зенит во група со Реал и Јуве
Луѓе од ФФМ како тапкароши!?
Манчестер Сити на пенали го мина Митјиланд
Без Илиевски на неодредено време
"Градски" со монтажни рефлектори
Зголемете го голот за да биде поинтересно
Бате Борисов, Анортозис, Алборг во елитата
Сто милиони евра за Кака
“Роналдо ќе замине во Манчестер Сити“
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи