сабота, 30.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Пандев е надежта на Лацио за Куп УЕФА

Горан Пандев и во новата сезона ќе биде единствениот фудбалер од Македонија кој ќе настапува во екипа од Италија. Тој и неговиот Лацио не се меѓу фаворитите за највисок пласман иако тимот од "Олимпико" секогаш е при врвот и секогаш меѓу оние клубови кои го привлекуваат вниманието.

"Нашите амбиции за оваа нова сезона е пласман на табелата до 7. позиција или местата зад најдобрите кои водат во Купот на УЕФА", открива Пандев за желбите на клубот во новата сезона, која почнува викендов, а утре Пандев и неговиот клуб му гостуваат на Каљари.

"Битката за титулата ќе се води меѓу Интер, Милано, Јувентус и Рома. Се најавува дека ова ќе биде најдобрата сезона во Италија во последните неколку години. Ќе биде интересно затоа што ќе има огромна конкуренција за највисок пласман, но и голема конкуренција за опстанокот во лигата. Сезоната е долга и за секој клуб најважен е стартот. Ние сме пред незгодно гостување во Каљари", изјавува струмичанецот кој и во новата сезона ќе биде главниот адут на римјаните за пласман на посакуваната позиција.

Летово се крена многу врема околу судбината на Пандев во Лацио. Тој останува на "Олимпико" и ќе биде првата виолина на "небесносините". Клубот има неколку играчки проблеми, а главен шок за сите е повредата на Роки, кој нема да игра до октомври. Се споменуваше ангажман на Креспо...

"Сe уште не е 100% сигурно со кого ќе играм во нападот. Жалам што Роки е повреден затоа што со него ни оди многу добро. Утре можеби со Макинва или Зарате. Ќе одлучи тренерот Делио Роси", беше завршниот коментар на Пандев, кој во подготвителниот период беше најдобриот стрелец на Лацио на тест средбите.


Наjновo од Спорт
Пандев е надежта на Лацио за Куп УЕФА
Зенит во група со Реал и Јуве
Луѓе од ФФМ како тапкароши!?
Манчестер Сити на пенали го мина Митјиланд
Без Илиевски на неодредено време
"Градски" со монтажни рефлектори
Зголемете го голот за да биде поинтересно
Бате Борисов, Анортозис, Алборг во елитата
Сто милиони евра за Кака
“Роналдо ќе замине во Манчестер Сити“
Робињо пристигнува на "Стемфорд Бриџ"
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи