петок, 10.09.2010

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

Македонија ги освои првите три бода

Македонската фудбалска репрезентација ги освои првите три бода и тоа портив селекцијата на Шкотска на "Градски" во Скопје, во првиот натпревар од групата 9, во квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во Јужна Африка во 2010-та година.

Македонките фудбалери го искористија топлото време и уште на стартот го постигнаа единствениот гол на мечот. Во петтата минута Горан Мазнов изнуди прекршок на 20-тина метри од голот на Крег Гордон, капитенот Гоце Седловски биеше по земја покрај живиот ѕид, а одбиената топка од стативата, Илчо Наумоски од 5 метри ја смести во мрежата на противникот.


фото: Reuters


фото: Reuters

Во второто полувреме Шкотска нападна со сите сили а нашата формација се затвори, одбраната одолеа на нападите на шкотските фудбалери и Македонија издвојувува победа, со што и си обезбеди три бода на стартот од новиот квалификациски циклус. Во среда, исто така, на Градскиот стадион во Скопје гостува фаворизираната селекција на Холандија.

Но, не може да се одмине инцидентот кој се случи на западната трибина, каде имаше закачено транспарент со ликот на Јохан Тарчуловски. Делегатот на натпреварот на неколку пати побара истиот да се симне, се закани дури и со суспензија на нашиот најголем стадион, за потоа македонските специјални единици по наредба да го симнат транспарентот. Во инцидентот целиот стадион го извикуваше името на Тарчуловски и се се заврши со еден приведен.

Пред почеток на натпреварот претседателот на ФФМ, Хаџиристевски му врачи пригоден подарок на Величе Шумуликовски по повод неговиот педесетти настап во дресот со националниот грб.

Македонија денешниот натпревар го започна во следниот состав:
Милошевски, Лазаревски, Петров, Седлоски, Митревски, Новевски, Гроздановски, Шумуликоски, Мазнов, Пандев и Наумоски.
Во вториот дел играа уште и Трајанов, Грнчаров и Тасевски.

Во нашата група Македонија е прва, бидејќи фаворитот Холандија беше слободен ова коло, а во вториот денешен натпревар, Норвешка и Исланд ги поделија бодовите играјќи 1:1 во Осло.

Во среда во Скопје играме против Холандија, а во Исланд гостува Шкотска.

Група 9
  и п н и + - поени
Македонија 1 1 0 0 1 0 3
Исланд 1 0 1 0 2 2 1
Норвешка 1 0 1 0 2 2 1
Холандија 0 0 0 0 0 0 0
Шкотска 1 0 0 1 0 1 0



Наjновo од Спорт
Шалке ја брка првата победа во новата сезона
Хрватска и Италија финалисти на ЕП во ватерполо
Со Милан сакам да ги освојам сите титули и тоа веднаш
ФИФА ги укинува продолженијата
Балотели на операција на коленото
Реал со најголемиот буџет во историјата на фудбалот
Кака од јануари во Интер!?
Англија сигурна на гостувањето во Швајцарија, а Франција со победа во Сараево
Типично аргентински, им се потсмеваат на Шпанците
Анчелоти: Не верувам дека некогаш ќе бидам пријател со Мурињо
Македонија се спасуваше од пораз во дуелот со Ерменија
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи