
|
 |
Спорт / Фудбал
|
|
Виеира го одби Сандерленд
Само еден ден по информацијата дека Сандерленд е заинтересиран за неговите услуги, францускиот репрезентативец Патрик Виеира ја отфрли секоја можност да се врати во Англија, пет години по заминувањето оттаму. Некогашниот капитен на Арсенал на Хајбери помина девет сезони, а во последно време неколку беше спомнуван како големо засилување за клубот од североистокот на Англија каде менаџер е неговиот поранешен голем ривал од Манчестер Јунајтед.
"Напредуваме во лигата на шампионите и во моментов сме на делба на првото место во Серија А. Сите сме возбудени што сме овде и единствено на што размислуваме е да победиме на следниот натпревар. Новиот менаџер ни рече што очекува од нас и сите даваме 100% од нашите можности. Мислам дека се оди напред во Интер во моментов и би било глупаво од моја страна да сакам да си одам одовде. Сонувам да ја освојам Лигата на шампионите, а тоа можам да го направам само со Интер, не и со Сандерленд", смета Виеира.
Родениот Сенегалец досега има 105 натпревари за француската репрезентација, а освен Арсенал и Интер, досега бил член уште на Милан, Јувентус и Кан.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|