
|
 |
Спорт / Фудбал
|
|
Касано преговара со Манчестер Сити
По слабите епизоди во мадридски Реал, Касано се врати во италијанска Сампдорија, каде повторно се врати во старата форма. Благодарение на неговите одлични игри, клубот избори излез во Европа, но новото домашно првенство не започна најдобро за Сампдорија. Пoсле шест меча Сампдорија нема ниту една победа (четири нерешени резултати и два порази), а веднаш по последниот пораз во Бергамо кај Аталанта (4-2) Касано јавно го критикуваше тренерот Волтер Мазари и ја нападна неговта одбранбена тактика.
Со тоа само се потврдува желбата на Касано да си замие од италијанскиот клуб уште на почетокот на новата календарска година. Според информациите од Островот, најзаинтересиран за услугите на повремениот напаѓач на италијанската фудбалска репрезентација е тимот на Манчестер Сити.
Според истите извори во тимот на "граѓаните" во јануари се очекува да пристигне уште еден Италијанец, Роберто Манчини, поранешниот тренер на Интер, кој е без работа, а раководството на Сити наводно не е задоволно од тоа како Марк Хјуз ја врши тренерската работа.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|