четврток, 20.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Тоти ќе не врати на врвот

Тренерот на Рома, Лучијано Спалети, верува дека враќањето на Франческо Тоти во тимот ќе ги инспирира другите фудбалери да најдат излез од кризата и, конечно, да ја вратат Рома во врвот на табелата од Серија "А". Актуелниот италијански вицешампион забележа очаен старт на новото првенство поради кој се најде на 14. позиција на табелата, но во досегашниот период Рома беше без својот капитен Тоти, кој се повреди уште пред крајот на минатата сезона и се уште не може целосно да заздрави. "Волчицата" се соочува со криза во играта, меѓутоа Спалети е сигурен дека во дербито против Интер во следното коло навивачите ќе видат сосема друго лице на тимот.

"Навивачите мора да останат смирени затоа што наскоро ќе ја видат повторно старата Рома. Ни треба уште малку време, а враќањето на Тоти ќе ни го донесе токму она што ни треба. Освен тоа, досега имавме проблеми со повредени фудбалери, па не можев да сметам на Перота, Тонето, Тадеи и Дони. Кога сите ќе се вратат, Рома не само што ќе има игра туку повторно ќе биде кандидат за титулата. Интер изгледа супериорен во однос на другите тимови, меѓутоа ние сме подготвени да се бориме како и секогаш", смета Спалети.

По шест одиграни кола од италијанското првенство Рома веќе заостанува шест бода во однос на водечкото трио, Лацио, Интер и Удинезе, но проблемот е во тоа што екипата игра катастрофално на гостински терен и на досегашните три меча надвор од Олимпико доживеа исто толку порази со два постигнати и седум примени гола.


Наjновo од Спорт
Милан бара замена за Малдини
Рома ќе го продаде Аквилани
Тоти ќе го тужи Касано?
Нетрпение пред средбата Јувентус-Интер
Радуловиќ во солзи најави повлекување
За Меси најдобар фудбалер на светот е Роналдо
Не мислам да заминам од Интер пред 2010 година
Летаме кога ќе го видиме Марадона на клупата
Зе Роберто сака да стане свештеник
Шевченко на суд поради труење на украинскиот претседател
Роналдо размислува за пензија
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи