сабота, 11.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Троен бедем за Гудјонсен

Нереално е да се очекува дека македонската репрезентација на крајно убедлив начин ќе го понесе триумфот од престојното гостување во Исланд на 15 октомври, иако од третото квалификациско коло за пласман на СП 2010 секако очекуваме победа која реално ќе ги засили нашите амбиции за освојување на втората позиција во групата 9.

Погледнувајќи го и епилогот од единствените досега меѓусебни средби, 1:1 во Исланд и 1:0 на "Градски" во Скопје од 7 јуни 1997 година, јасно е дека и само еден погодок може да го одлучи победникот... За нас, повеќе од доволно, се разбира доколку е во противничката мрежа.

Во тој случај, пак, безусловно одбраната во тимот на Среќко Катанец ќе мора беспрекорно да си го заврши својот дел од задачата запирајќи ги членот на Барселона, Ејдур Гудјонсен и неговите соиграчи. Капитенот Гоце Седлоски, Игор Митрески и Николче Новески многупати претходно демонстрирале дека се повеќе од умешни во тоа, иако сега едногласни во ставот дека н$ очекува тежок дуел.

"Не смееме да се залажуваме дека ќе биде само лесно минување низ Рејкјавик. Исланд воопшто не е репрезентација од типот на Луксембург, Андора, Сан Марино", вели нашиот капитен Гоце Седлоски, според кого воопшто не е мерило и моменталната огромна меѓусебна разлика во ФИФА ранкингот. Исланѓаните во моментов се на 103-та ФИФА позиција, 57 места послаборангирани од нас.

"Ранкингот дефинитивно не ги носи победите. Ние сме убедени дека имаме квалитет за победа на северот од Европа, но сето тоа ќе мора да го освоиме на теренот, а дека Исланд ни малку не е наивен противник потврди на претходните два дуели со Норвешка и Шкотска", истакнува Седлоски, кој е единствениот од актуелниот наш состав кој настапи на средбите пред дванаесет години.

Македонија, во секој случај, ја носи фаворитската улога низ оваа пресметка што во одредена мера, од психолошки аспект, им дава извесна предност на домаќините за кои секако нашиот национален тим е шанса за освојување бодови.

"Ние не може ниту, пак, сакаме да бегаме од фаворитската улога. Веруваме во својот квалитет, имаме добар старт, во континуитет овој состав веќе игра одлично и секако целокупната таа атмосфера мора да се искористи. Но, исто така мора да се истакне дека денешната фудбалска игра ретко признава особени фаворити", е ставот на капитенот, на кога речиси еднакво се надоврзува и размислувањето на стоперот на германскиот Енерџи Котбус, Игор Митрески.

"Мора максимално концентрирани да му пристапиме на натпреварот. Доколку сите еднакво ги завршиме своите задолженија зададени од стручниот штаб верувам дека нема да имаме проблеми да стигнеме до позитивен резултат, а тоа е победа".

Заокружување на тројката која ќе биде во нашата одбрана секако е Николче Новески, кој одигра два извонредни натпревари против Шкотска и Холандија. Исланд, погледнато низ говорот на бројките, би требало да биде далеку полесна приказна, но...

"Исланѓаните имаат одлични фудбалери предводени од Гудјонсен, и тоа не е тајна. Ќе треба ние вистински да се потрудиме, посебно на гостински терен, но верувам и знам дека нашите адути се далеку поголеми од нивните. Впрочем, во овој квалификациски циклус за нас резултатите се императив, а победите на секој дуел основен приоритет", ги дополнува Новески очекувањата на нашата дефанзивна линија.


Наjновo од Спорт
Јапонска пресметка за Фелипе и Луис
Виеира тврди дека не користел допинг
Тоти ќе не врати на врвот
Троен бедем за Гудјонсен
Улие најсериозен кандидат за селектор на Франција
Арсенал е нај фер-плеј тим во Англија
Овче Поле нов прволигаш, 10 екипи во елитата
Бразил може да загуби од било кој
Реднап испрати факс за Ѓеоргиев
Реал го купува Бензема во 2009?
Брзината на Стојков контра Исланд
Роналдињо е виновен за претходните две сезони
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи