
|
 |
Спорт / Фудбал
|
|
Сакам да бидам капитен на Интер
Напаѓачот на Интер, Златан Ибрахимовиќ, фрлил око на капитенската лента на Хавиер Занети бидејќи сака да биде новиот предводник на интеровата екипа.
Ибрахимовиќ во саботата беше капитен на репрезентацијата на Шведска во натпреварот против Португалија кој заврши 0:0. На напаѓачот таа функција толку му се допаднала што одлучил да ја побара од Жозе Мурињо капитенската лента на Интер.
“Чест е да бидеш капитен на Шведска, а сега таа улога сакам да ја имам и во Интер“, рекол Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ оваа сезона во шест настапи во италијанската лига има постигнато три погодоци. Со тоа што Интер в недела гостува во Рим кај Рома на стадионот Олимпико.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|