
|
 |
Спорт / Фудбал
|
|
Милошевски предупредува на претпазливост
Според Петар Милошевски, голманот на македонската фудбалска репрезентација, трпеливата игра и искористувањето на грешките на противникот се рецептот за поволен резултат против Исланд.
- Исланд не спаѓа во групата на класични аутсајдери. Видовме и вчера на мечот со Холандија дека тие ретко напаѓаат, но кога ќе го направат тоа, нивните напади обично завршуваат со удар на противничкиот гол. Затоа треба да бидеме претпазливи. Да играме трпеливо, да чекаме противникот да згреши, а токму таквиот стил на игра ни го донесе триумфот против Шкотска. Многу е важно на мечот во Рејкјавик да не бидеме под притисокот да се биде или не. Евидентно е дека сме подобри од Исланд, но треба да го докажеме тоа - објективен е Милошевски.
Нерешениот исход од мечот Шкотска - Норвешка ни оди во прилог?
- На ваквиот начин на бодување ретко која репрезентација оди на нерешен резултат. Мислам дека Норвежаните во овој момент се позадоволни од исходот во Глазгов. Навистина, резултатот ни одговара, но тој ќе добие на тежина само ако го победиме Исланд.
Вчера репрезентативците одработија само еден тренинг, попладнето на Градскиот стадион. Денеска пред летнувањето за Рејкјавик, од 10 часот ќе тренираат на игралиштето на Работнички, а од 12 часот ќе бидат дел од презентацијата на новиот партнер на ФФМ, "Тојота". По тој повод, ќе и биде доделен автомобил "тојота јарис" на Федерацијата.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|