Луис може да ја уништи кариерата!

Луис Хамилтон е предупреден дека може да ја уништи својата кариера ако замине од Мекларен. Иднината на светскиот шампион во Мекларен е под знак прашалник по целиот скандал со лажењето пред стјуардите на Австралиското ГП. 24-годишниот Хамилтон може да се ослободи од договорот преку "моралната" клаузула во договорот во која доколку неговата репутација е нарушена поради одлуките на Мекларен тој може да замине.

Тимот од Вокинг може да биде дури и исфрлен од шампионатот на конструктори на 29 април на сослушувањето пред ФИА за нарушување на угледот на спортот, но британската моторспорт легенда, трикратниот светски шампион Сер Џеки Стјуарт го предупреди Британецот да не прави брзи одлуки.

"Луис и неговиот татко Ентони мораат да останат со студени глави. Ако отиде на друго место тогаш може да му се ништи кариерата, и сигурно нема да биде позитивно. И јас имав клаузула за морал во последниот договор кога се тркав со кој можев да заминам. Луис сигурно има таков во договорот, а сега и тимот и тој се фатени како лажат. Но, ако реагира токму сега, каде ќе може да отиде? Луис мора да ги погледне тимовите каде што може да освојува титули - а тоа се Ферари и Мекларен", вели Стјуарт.

ДАЛИ ВИНАТА Е ВО ФИА?

Шкотланѓанецот, кој е познат по тоа што не се согласува најдобро со претседателот на ФИА, Макс Мозли, вели дека и ФИА е виновна за случајот и дека контролата на трката морала да им даде на Мекларен јасен сигнал дали Хамилтон требал да го предаде третото место на Јарно Трули во Тојота.

"Чарли Вајтинг не беше достапен за Мекларен бидејќи го разгледуваше проблемот на Себастијан Фетел и Роберт Кубица. Поради таа грешка Мекларен се наоѓа пред тешка ситуација", додава Стјуарт.

Поранешниот Ф1 возач, Ралф Шумахер пак вели дека ФИА мора да се откаже од случајот.

"Некој ќе каже дека нема изговор, но во овој случај мора да се направи исклучок. Зошто ФИА сака да има вакви скандали. Несреќно е што возбудлива сезона паѓа во сенка поради вакви работи", вели 34-годишниот поранешен возач на Вилијамс.

ХАУГ ПРИЗНАВА ДЕКА ХАМИЛТОН МОЖЕ ДА СИ ОДИ

Шансите на Мекларен да го задржат Луис Хамилтон скоро сигурно зависат од одлуката на сослушувањето на 29 април, признава претседателот на Моторспорт Спорт, Норберг Хауг, кој признава дека Британецот размислува за таква опција.

"На Луис ситуацијата од четвртокот до неделата во Малезија му беше многу тешка и тоа докажува дека тој е искрена личност. Прашањето за откажување од нашиот тим е тука и останува да биде тука. Кога ќе се случат вакви работи низ главата поминуваат многу работи", признава Хауг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...