петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

Навивачите на Јунајтед згрозени од новите дресови

По повод 100-годишнината од отворањето на Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед промовираше нова колекција дресови од кои останаа шокирани фановите на овој клуб. Легендарниот стадион на англискиот првак е отворен пред точно еден век, па во таа чест од својот технички спонзор Најк порачаа некоја ретро-варијанта. И добија црвен дрес со чудна линија во облик на латиничната буква В на горниот дел од предната страна. Навивачите се разочарани од изгледот на дресот, па почнаа иницијатива за тој да не се пушта во продажба.

“Грозно, па тоа изгледа како дрес за рагби. Поточно, нешто меѓу рагби-дрес и лош американски стил. Тоа е ужасно. Ни минатите години не бевме воодушевени од изгледот на дресот, но ова е врв на невкусот”, изјави еден од разочараните навивачи на Јунајтед, Ник Купер.

Најтиражниот англиски весник Сан вчера објави текст со наслов: “Ру, мора да се шегуваш”, предизвикан од изјавата на Вејн Руни кој тврди дека новите дресови му се допаѓаат.

“Дресот е навистина убав. Секогаш е добро кога ќе се види нова комбинација, а во оваа едвај чекам да заиграм”, рече Руни и со тоа предизвика чудење кај новинарите, навивачите и целата фудбалска јавност.

“Единствено на Руни може да му прилега овој дрес, тој ионака личи на рагбист”, одговори друг навивач, Џим Фери.

Сепак, впечаток е дека Анличаните малку претеруваат. Имаше многу неуспешни комбинации во светот во последните години, но тие работи на Островот се сфаќаат на сосема поинаков начин. Ова предупредување од навивачите воопшто не е бенигно и во клубот ќе мораат добро да размислат на таа тема. Продажбата на дресовите во големите клубови носи многу важен дел од финансискиот колач, па ако оваа комбинација не им се допадне на фановите, тоа може да се одрази и на економското работење на Манчестер Јунајтед. Во акцијата за смируивање на страстите се вклучи и корејскиот репрезентативец Парк Џи-Сунг.

“Немојте така, јас повеќе сакам ова В на дресовите да го гледам како победа (виктори). И се надевам дека ќе победуваме на секој нов натпревар”, рече Парк.

Сан се исмејува на зборовите на Руни

Нани за Валенсија, Фергусон пак по Хунтелар

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон е подготвен да го понуди португалскиот репрезентативец Нани за фудбалерот на Виган, Антонио Валенсија кој е негова дамнешна желба. Шкотскиот стручњак одамна го посочи Валенсија како идеален наследник на Кристијано Роналдо кој си замина во Реал Мадрид и сега тврди дека ќе се направи се што е во негова моќ за да го донесе на Олд Трафорд. Сепак, дури и Виган да се согласи на оваа опција, Јунајтед ќе мора да доплати извесна сума поради фактот што Валенсија во моментов е повреден од Нани.

Во исто време Фергусон повторно го насочи своето внимание кон напаѓачот на Реал, Клас Јан Хунтелар. Се поверојатно е заминувањето на Карлос Тевез, па Холанѓанецот е една од опциите за негов наследник. Хунтелар ионака е на продажба во Реал Мадрид и Перез најверојатно нема да прави проблеми.




Наjновo од Спорт
Светскиот првак противник на Македонија на ЕП во ватерполо
Десет "најдобри" изјави на СП
Динамо Минск, патоказ за успехот
Хамилтон со големи надежи во Монца
Шуми знае дека не постојат гаранции за успех
Ф1 ФЛЕШ
Капироси на 200-та трка ќе објави враќање во Дукати?
Јуве без ѕвездите во Европа
Деспотовски не мрда од Ренова уште шест месеци!
Македонија сака нова страница на европскиот пат!
Гвардиола е мал тренер
Се врати Зизу! На еден ден...
Сите за еден, еден за сите...!!!
"Македонија го има Пандев..."
Давид Виља со најскапиот трансфер во 2010
Јас сум тренер, а не Хари Потер!
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи