петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

АС и Марка тврдат, Лион негира трансфер на Бензема

Шпанските спортски дневници АС и Марка објавија дека неполн ден по официјалната презентација на Кака, Реал Мадрид постигнал договор за трансферот на ѕвездата на Лион, Карим Бензема за 35 милиони евра. Според реномираните спортски изданија, Реал Мадрид и Лион се договориле на почетокот од оваа недела, но се чекало на промоцијата на Кака со цел да не се стави во втор план.

Според АС, Реал се согласил за 21-годишниот фудбалер да плати 35 милиони евра и тој треба да биде четвртото засилување за "Кралскиот клуб" во летниот преоден рок. Првичното барање од Лион било 45 милиони евра, потоа Реал се обидел во зделката да го вклучи и Клас Јан Хунтелар, но на крајот двата клуба се "нашле" на 35 милиони, и тоа најмногу поради добрите односи на Флорентино Перез и Жан-Мишел Ола кои и во минатото добро соработуваа.

Сепак, иако АС и Марка објавија дека е готова работа, официјална потврда за трансферот на Карим Бензема на Сантијаго Бернабе нема ниту од Реал Мадрид, ниту од Лион. Напротив, францускиот прволигаш демантира дека дошло до такво нешто бидејќи понудата од Реал Мадрид не била доволна иако изнесува повеќе од оние 35 милиони што ги спомнуваат АС и Марка.

"Добивме понуда која е значително поголема од посочената. Но, никој во клубот досега не кажал дека таа е од Реал Мадрид, ниту дека е постигнат договор со некој клуб", изјави директорот за комуникации на Лион, Оливие Блан.

Англиските медиуми тврдат дека подеднакви шанси да го ангажира младиот талент има и Манчестер Јунајтед, кој е подготвен да плати 40 милиони евра. Откако го донесе Антонио Валенсија од Виган, актуелниот англиски првак го посочи Бензема како најголема цел во летниот преоден рок, па за очекување е сега да се разгори борбата меѓу двата гиганта за еден од најдобрите напаѓачи во Франција.

Бензема денеска треба да се врати во Лион по летниот одмор и да ги почне подготовките со екипата, но и да седне со тренерот Клод Пуел и да одлучи каде ќе ја помине новата сезона. Ниту самиот Пуел не знаеше ништо за можниот трансфер на неговиот најдобар фудбалер, а босанскиот репрезентативец се приклучи на конфузијата откако наводно изјавил за медиумите во Франција дека Карим Бензема се сели во Манчестер Јунајтед.

Францускиот репрезентативец веќе пет години е член на првиот тим на Лион и досега одигра 149 натпревари и постигна 66 гола. За националниот тим на Франција има 24 настапи и шест гола, но од него допрва се очекува да ги предводи "триколорите".

Дека Лион можеби се подготвува за разделба со својот напаѓач зборува и податокот дека е во преговори со Лисандро Лопез од Порто, како и Андре-Пјер Жињак од Тулуз за можен трансфер во летниот преоден рок. Сепак, и тоа не мора ништо да значи ако се земе предвид фактот дека од Жерлан веќе си замина Жунињо, а пред трансфер е и Сидни Гову.



Наjновo од Спорт
Светскиот првак противник на Македонија на ЕП во ватерполо
Десет "најдобри" изјави на СП
Динамо Минск, патоказ за успехот
Хамилтон со големи надежи во Монца
Шуми знае дека не постојат гаранции за успех
Ф1 ФЛЕШ
Капироси на 200-та трка ќе објави враќање во Дукати?
Јуве без ѕвездите во Европа
Деспотовски не мрда од Ренова уште шест месеци!
Македонија сака нова страница на европскиот пат!
Гвардиола е мал тренер
Се врати Зизу! На еден ден...
Сите за еден, еден за сите...!!!
"Македонија го има Пандев..."
Давид Виља со најскапиот трансфер во 2010
Јас сум тренер, а не Хари Потер!
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи