петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

„Сакам во Реал Мадрид“

Франк Рибери, еден од главните носители на играта на минхенски Баерн, изрази желба да замине во Реал Мадрид.

- Сакам да играм за Реал Мадрид и во никој друг клуб. Тоа е мојата одлука, изјави 26-годишниот Французин за спортскиот дневен весник „Л екип“.

Рибери веќе го одбил зголемувањето на платата на осум милиони евра годишно од сегашниот негов клуб.

Реал создава тим на соништата и се засили со Кристијано Роналдо, Рикардо Кака и Карим Бензема. На листата на нови играчи во „кралскиот клуб“ се наоѓа и Рибери, но проблем е дозволата за заминување од бундеслигашот Баерн.

Баварците со јасен одговор до францускиот репрезентативец дека немаат намера да му дозволат да си замине.

- Франк сака да оди во Реал. За нас тоа е само негова желба. Животот не е секогаш бајка, па да се исполнуваат желбите. Од Реал немаме конкретна понуда, а и не ни требаат нивните пари. Рибери останува во Баерн, одговори клупскиот менаџер на германскиот тим Ули Хенес.




Наjновo од Спорт
Светскиот првак противник на Македонија на ЕП во ватерполо
Десет "најдобри" изјави на СП
Динамо Минск, патоказ за успехот
Хамилтон со големи надежи во Монца
Шуми знае дека не постојат гаранции за успех
Ф1 ФЛЕШ
Капироси на 200-та трка ќе објави враќање во Дукати?
Јуве без ѕвездите во Европа
Деспотовски не мрда од Ренова уште шест месеци!
Македонија сака нова страница на европскиот пат!
Гвардиола е мал тренер
Се врати Зизу! На еден ден...
Сите за еден, еден за сите...!!!
"Македонија го има Пандев..."
Давид Виља со најскапиот трансфер во 2010
Јас сум тренер, а не Хари Потер!
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи