петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

Милан не се продава

Пасквале Канатели, еден од водечките луѓе на Фининвест, компанијата во сопственост на Силвио Берлускони јавно ја демантираше можноста за продажба на миланскиот клуб. Италијанските медиуми неодамна известија за интересот на премиерот на ОАЕ, Шеикот Рашид ал Мактум, кој е подготвен за 400 милиони евра да откупи 40% од сопственоста на "росонерите".

"Милан не е на продажба, а нема ни смисла да се продава малцински дел од сопственичкиот пакет. Нема ниту потреба за тоа, по продажбата на Кака добро ги организиравме нашите потреби", изјави Канатели.

Сите овие шпекулации околу можноста за продажба на дел од сопственоста на Милан произлегоа од неможноста сопственикот Силвио Берлускони да потроши пари за квалитетни засилувања во последните сезони. Како последица на тоа "росонерите" веќе пет сезони не биле прваци на Италија, а последниот значаен трофеј беше оној од Лигата на шампионите во 2007 година. Интересно е тоа што и за новата сезона потпретседателот Адриано Галијани посочи дека титулата не е приоритет, туку освојувањето на третото место кое води директно во фазата по групи од Лигата на шампионите.

Берлускони го купи Милан во 1986 година и од него направи гигант во европски рамки. Оттогаш "росонерите" освоија пет од седумте титули во Лигата на шампионите (поранешен КЕШ) и седум од 17. во италијанското првенство.



Наjновo од Спорт
Светскиот првак противник на Македонија на ЕП во ватерполо
Десет "најдобри" изјави на СП
Динамо Минск, патоказ за успехот
Хамилтон со големи надежи во Монца
Шуми знае дека не постојат гаранции за успех
Ф1 ФЛЕШ
Капироси на 200-та трка ќе објави враќање во Дукати?
Јуве без ѕвездите во Европа
Деспотовски не мрда од Ренова уште шест месеци!
Македонија сака нова страница на европскиот пат!
Гвардиола е мал тренер
Се врати Зизу! На еден ден...
Сите за еден, еден за сите...!!!
"Македонија го има Пандев..."
Давид Виља со најскапиот трансфер во 2010
Јас сум тренер, а не Хари Потер!
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи