вторник, 09.02.2010

  IDIVIDI Мени
Именик
download
Спорт / Фудбал

Тевез во Сити од понеделник

Аргентинскиот репрезентативец во текот на викендот треба да ги финализира условите, а најдоцна во понеделник официјално да стане член на Манчестер Сити, градскиот ривал на клубот каде настапуваше во последните две сезони. Алекс Фергусон имаше можност и пари да го задржи искусниот напаѓач во своите редови и за следните 12 месеци, но не ја искористи шансата по заминувањето на Кристијано Роналдо. Сопственикот на договорот со Тевез, Киа Џорапчиан веќе се договорил со раководството на Сити и за својот досегашен клиент ќе заработи 25 милиони фунти, што е нешто помала сума од она што го бараше од Јунајтед. Карлос Тевез ќе игра за неделна плата од 120 илјади фунти, а со неговото доаѓање сумата потрошена од Марк Хјуз за нови фудбалери во Манчестер Сити ќе надмине 200 милиони фунти.

"Го очекуваме Карлос на почетокот од идната недела. Со неговото доаѓање значително ќе се засили нашиот напад и мислам дека ќе можеме да атакуваме на позиција која води во Лигата на шампионите. Од друга страна, ќе можеме до крајот на преодниот рок да се насочиме на носење фудбалери од одбраната", рече Хјуз.

Сити во новата сезона ќе има пеколна напаѓачка "тројка" составена од Јужноамериканци. Покрај Тевез, тука се уште Бразилецот Робињо и Парагваецот Роке Санта Круз, а зад нив ќе бидат Стивен Ајрленд и Шон Рајт-Филипс, кои исто така можат да играат офанзивно. Уште една голема желба на Хјуз, но и на раководството на Сити е ангажманот на Самуел Ето, но англиските познавачи на фудбалот прогнозираат дека во таков случај може да дојде до незадоволство кај одредени фудбалери бидејќи сигурно не ќе може сите да играат во стартниот состав. Досега во летниот преоден рок Сити се засили со Санта Круз од Блекбурн и Герет Бери од Астон Вила.

Интересен факт за Карлос Тевез е што тој е една од ѕвездите на Манчестер Јунајтед, а во следната сезона во градскиот ривал ќе игра под водство на уште еден поранешен познат играч на "Црвените ѓаволи", Марк Хјуз.


Наjновo од Спорт
Повисоките фудбалери почесто се казнуваат за прекршоци
Овечкин и Капиталс ги "суредија" шампионите
"Кампос и УСФ1 можат да пропуштат 3 трки"
Местото на Петров во Рено не е сигурно?
Со верба и борба до бараж!
Степановски сака отстапница, Ренова не дава!
Собранието, сега до 15 февруари
Во Љубљана ќе се договара Регионална лига!?
Мидо игра за 1000 евра неделно!
Јувентус изгуби три години
"Не" за Арсенал "Да" за Барселона
Во 21. коло во Примера без гостинска победа
Мајнц со важна победа против Борусија Менхенгладбах
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи