
|
 |
Спорт / Фудбал
|
|
Адриано ја одби "деветката" во Фламенго
Поранешниот фудбалер на Интер, Адриано одби да го облече дресот со број девет на својот нов клуб Фламенго. Таа бројка му ја доделија навивачите на Фламенго на анкетата на интернет-страницата на клубот. За тоа гласаа 20.346 навивачи, додека 13.599 сметаа дека треба да игра со бројот десет на грбот. На официјалното претставување на новите дресови Адриано навистина облече дрес со број девет, но на раководството на клубот јасно му порача дека нема намера во иднина да ја носи.
Причина за тврдоглавоста на Адриано наводно е суеверие бидејќи поранешниот бразилски репрезентативец е уверен дека "деветката" му носи несреќа. Сепак, сега има уште еден проблем. Неговиот соиграч, Србинот Дејан Петковиќ во моментов го има во свој посед бројот 10, а имајќи предвид дека се уште не знае како да ја реши оваа ситуација, двајцата фудбалери на тренингот во четвртокот се појавиле со маички без броеви.
Адриано и во Интер не сакаше да ја носи "деветката", туку постојано играше со бројот 10. Сепак, ниту тоа не му донесе многу среќа бидејќи последните три сезони имаше големи проблеми со своето однесување, го загуби местото во тимот и како последица на тоа двапати беше испратен во Бразил.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|