По пауза од девет години Охрид повторно ќе биде во центарот на вниманието на европска кошаркарска јавност, посебно кога се зборува за оние натпреварувања во младинските категории.

Млади и неискусни, но кадарни за успех!

Дел од репрезентациите се пристигнати, а најавени се и високи претставници од европската кошаркарска куќа.

"Европското првенство и градот Охрид ќе постават нови стандарди кога станува збор за ваквите натпреварувања. Најавени се високи гости од европската кошарка, меѓу кои и генералниот секретар на Фиба-Европа, г. Нар Занолин, кој ќе го затвори првенството. Во секој случај, не очекува интересен настан кој се надевам ќе побуди голем интерес не само кај охриѓани туку и кај целата наша кошаркарска и спортска јавност" - вели генералниот секретар на КФМ, Дејан Леќиќ .

Соорганизаторот на ова првенството, ЈП "Билјани извори", им посака многу среќа на сите 11 репрезентации кои ќе се појават на овој собир.

И покрај неикуството подготвени за нови предизвици

" Им посакуваме многу успех на кошаркарките и се надевам дека ова ЕП ќе остане препознатливо по добрата организација и одличната посетеност. Една од основните референци е посетеноста на салата, а јас се надевам дека во овие десет дена ќе биде добро посетена и ќе му даде посебен шмек на шампионатот за во иднина да добиеме едно поголемо натпреварување", рече директорот на ЈП "Билјанини извори".

Македонската селекцијата е најмладата на првенството, а како што вели селекторот Алекандар Петровиќ се работи за доста талентирана селекција каква долго време не се појавила на кошаркарската сцена. Младоста и неискуството се најголемата пречка за овие младинки. Дополнителен проблем за селекторот е и краткиот период на подготовки во кој кошаркарките не одиграа ниту еден контролен натпревар.

"Без разлика на се, ние ќе дадеме се од себе да се прикажеме во најдобро можно издание" - истакна Петровиќ.

Петровиќ се надева дека ќе успее да наметне препознатлив стил на игра со многу трчање, со брза трансформација од напад во одбрана, моментите кои, како што напомена, ги увиделе при последниот настап на девојките минатата година.

Со оглед на младоста и неискуството на нашата екипа пласманот меѓу осумте би се сметал за успех. Од таборот на селекцијата очекуваат огромна поддршка од гледалиштето, кое би ги понело девојките кон подобри резултати.

" Ние како федерација не гледаме на оваа селекција за една година, туку оваа селекција ќе игра уште две три години и ние од година во година ќе се обидуваме да им обезбедуваме што е можно подобри услови" - истакна "ген-сек"-от Дејан Лекиќ.

Од КФМ очекуваат солидна посета и поддршка на првенството. КФМ ќе ги анимира охриѓани и охридската публика со организирање наградни игри, како и доделување на топки, маички, како и разни кошаркарски реквизити на посетителите во салата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...