"Филип 2" ќе светне за Илинден

Најголемиот наш стадион, националната арена "Филип 2 Македонски" и дефинитивно во своето "ново руво" со дополнително комплетно изградената нова Северна трибина ќе светне на Илинден.

Вчера од страна на Владата на Република Македонија, а по претходно пристигнатата потврда за гостувањето на европскиот шампион Шпанија на 12 август во Скопје, официјално потврдено дека Северната трибина заедно со новиот светлосен систем вграден на новиот дел ќе бидат завршени до нашиот најголем национален празник, 2 август.

Северна трибина

Токму во таа насока деновиве не може да се сокрие дека дополнително е засилено темпото на градежните активности...

"Се подразбира дека интенцијата е Северната трибина да биде изградена со сите неопходни детали за соодветно претставување, вклучувајќи ги сите нови ВИП ложи, простор за електронски медиуми, светлосен систем, соодветни пристапни делови за гледачи, итн..., сето тоа збогатено со гостувањето на европскиот шампион", велат од Агенцијата за спорт и млади.

Со оглед на тоа што до 2 август останува помалку од еден месец се уште отворено присутна е и скепсата дека сепак ќе бидат заокружени сите детали околу изградбата на трибината, па и по свеченото отворање постепено низ периодот кој следи ќе се корегираат евидентираните недостатоци.

Со изградбата на Северната трибина ќе се заокружи делот за реконструкцијата на нашиот најголем стадион. Претходно првично беше планирано веднаш по завршувањето на "Север" да се продолжи со изградбата на Западната и Источната трибина, но, сепак, Владата на РМ одлучи нивната реконструкција да биде одложена извесен период.

Со новата Северна трибина капацитетот на арената "Филип 2 Македонски" сега треба да биде околу 27.000 седишта со претходно запазениот капацитет на Јужната, Источната и Западната трибина од 15.000 седишта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...