Построг начин на работа во рапрезентацијата

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз денеска од Охрид најави промени во работата во репрезентацијата со цел едногодишниот периодот кој претстои до следниот квалификациски циклус да се искористи за отстранување на сите слабости кои доведоа до лоши резултати.

- Тоа што помина во овие четири месеци треба сите да го заборавиме. Периодот беше краток за да направиме нешто повеќе. Се појавија грешки и кај мене и кај играчите и нив треба трезвено да ги прифатиме сите и да се обидеме да ги елиминираме во целост. Затоа од овој момент најавувам дека ќе воведам построг начин на работа и комуницирање и од него нема да отстапиме до крајот на квалификациите кои ни претстојат, истакна Јонуз на денешната прес-конференција.

За селекторот враќањето на самодовербата кај репрезентативците е една од првите работи што треба да ги направи.

- Ние сакаме да ги увериме нашите играчи дека имаат квалитет да се спротивстават на секоја селекција и дека можат секого да победат. Само со таков пристап и начин на работа можеме да одиме напред. Со Катар ни е битно да се одигра добро и да направиме контрола до кој стадиум се репрезентативците, потенцијалните и новите, рече Мирсад Јонуз.

Горан Пандев ја пофали атмосферата во репрезентацијата и додаде дека иако не ја познава селекцијата на Катар мора да се даде максимумот бидејќи денеска нема слаба репрезентација.

- Дојде времето нашата селекција да размислува за поголеми резултати, а не само да играме добро и создаваме шанси туку и да победуваме. Јас сум подготвен доволно за настапот в недела иако во мојот клуб не играм подолго време. Секако тоа е хендикеп но со многу залагање на теренот ќе допринесам за добар резултат, вели Пандев.

Тој е задоволен и од изборот на новите играчи кои ќе го облечат националниот дрес.

- Се работи за млади и квалитетни играчи кои ќе се вклопат добро и со добри подготовки ќе си го заземат местото во екипата, изјави Пандев.

Марио Ѓуровски и Глигор Глигоров по прв пат ќе бидат во репрезентацијата, а повратници во неа се Душан Савиќ и Роберт Попов.

Пријателскиот меч со Катар ќе се игра на националната арена „Филип Втори“ на 11 октомври во 14 часот во Скопје. Тоа ќе биде втор дуел со Катар. Во првиот пријателски натпревар во 2001 година во Париз, Катар ја победи Македонија со 1:0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...