Секој дуел е за нас важен!

Нема помалку или повеќе значаен собир или натпревар кога станува збор за националниот дрес. Низ оваа девиза нашите репрезентативци вчера во Струмица го стартуваа тренажниот процес за двата претстојни пријателски натпревари против Канада, кој во сабота на 14 ноември го играме на стадионот "Младост" во Струмица, и оној против Иран во Техерен на 18 ноември, кој се игра од 15:30 часот.

Желни се македонските фудбалери победничкиот старт против Катар минатиот месец, кој го означи почетокот на еден нов наш круг на подготовки за претстојниот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2012, да биде продолжен и сега прво низ дуелот со Канада...

"Верувам дека ќе биде ново уживање за нашиот репрезентативен фудбал, со оглед на тоа што првпат играме и во Струмица. Па, искрено се надевам ќе биде среќна за нас", вели искусниот дефанзивец Игор Митрески, потенцирајќи го фактот дека без разлика што се работи само за тест дуели, победите за нас се значајни од повеќе аспекти.

"Секој натпревар за нас е исклучително важен. Без сомнение добредојдени се овие проверки пред се заради компонирање на тимот, новиот стил, замисли и идеи преку кои треба да бидеме препознатливи низ новиот квалификациски циклус кој стартува следната година. Од друга страна веќе мора да го градиме победничкиот менталитет. Не сакаме да се оптоваруваме со противниците, колку се или не доволно квалитетни, затоа што нас е важно на секој натпревар и против секого да одиме на триумф. Победите од овие два дуели, покрај од психолошки аспект, се значајни и за напредок на ФИФА листата", дополнува членот на германскиот Енерџи Котбус.

Митрески во извесна мера е добро запознаен со дел од составот на Канаѓаните преку фудбалерите кои настапуваат во германските шампионати.

"Да, нивниот капитен Пол Сталтери настапува во Борусија Мехенгладбах, добро го познавам и Мек Кена од Келн, а настапувам заедно во Енерџи Котбус со голманот Хиршфилд. Самиот факт дека поголемиот дел од нив настапуваат во западноевропските шампионати доволно зборува за квалитетот. Имаат и квалитетен тренер, Стефан Харт, па сигурно се компактна селекција која не смее да се потценува. Меѓутоа, ќе повторам дека не треба ние да се оптоваруваме со нив затоа што пред си е потребно да бидеме концентрирани на нашата игра и уште еднаш да и донесеме победа на домашната јавност", истакнува Игор Митрески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...