
|
 |
Спорт / Фудбал
|
|
Пандев одново во ЛШ
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, е на списокот од 25 фудбалери на кои ќе смета тренерот на Интер Жозе Мурињо, за настап во Лигата на шампионите во пролетниот дел.
Ново име покрај Пандев е и МекДонад Марига, засилувањето за италијанскиот шампион од Парма. Кениецот за Интер потпиша последниот ден пред истекот на преодниот рок.
Според официјалниот сајт на клубот, Мурињо во Лигата на шампионите ќе може да состави тим од следниве играчи:
Голмани: Франческо Толдо, Жулио Сезар и Паоло Орландони.
Одбрана: Иван Кордоба, Хавиер Занети, Лусио, Маикон, Марко Матераци, Валтер Самуел, Кристиан Киву и Давиде Сантон.
Среден ред: Дејан Станковиќ, Рикардо Куерезма, Тиаго Мота, Весли Снајдер, Сали Мунтари, МекДоналд Марига, Естебан Камбиасо, Жоел Чуквума Оби, Антонио Еспозито.
Напад: Самуел Ето, Диего Милито, Горан Пандев, Марио Балотели, Марко Арнаутовиќ.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|