петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

Со верба и борба до бараж!

Македонија ги знае противниците преку кои ќе се бори за следниот квалификациски циклус. Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора. Како сето тоа е гледано од страна на Горан Пандев. Нашиот најдобар фудбалер вчера ги дозна противниците по ждрепката во Варшава, а само неколку минути подоцна експлодираше на "Џузепе Меаца" во дресот на Интер. Постигна нов гол и асистираше во победата од 3:0 над Каљари.

"Тешка и неатрактивна група... Посакував место Русија да бидеме со Италија, но тоа е тоа", коментира Пандев за противниците кои ни се паднаа на ждрепката во неделата.

"Добивме противници кои ни се добро познати. Со сите досега сме ги одмериле силите. Имаме и добри, но и лоши спомени. Таа лекција од минатото против споменатите репрезентации треба да ни биде од голема корист и едно големо искуство за во новиот циклус да стигнеме до добар резултат. Ривалите се селекции кои можат да бидат 'ранети' од секого во групата. Апсолутен фаворит е Русија, но и со нив сега ќе се надигруваме. На претходните два средби Русија може не надиграа во Скопје, но затоа, пак, во Москва се држевме добро и имавме шанси за нерешен резултат. Словачка е многу незгодна и секогаш непредвидлива, но во Скопје ќе мора да ги победиме и нив и Република Ирска со кои ќе се бориме за второто место во групата...", појаснува Пандев, кој во својата репрезентативна кариера од новите ривали нема дуели само против Република Ирска.

"Ирска го има Трапатони и тоа е нивното најсилно оружје. Сепак, на нас ни оди против ваквите селекции. Во минатиот циклус ја имавме Шкотска. За другите селекции нема што да се каже. Ерменија и Андора се селекции против кои мора да победиме и да освоиме максимални 12 бодови. Само така може да се надеваме на нешто повеќе во новиот циклус", открива Пандев.

Фудбалерот кој со 22 гола во дресот со државниот грб е категоричен околу очекувањата околу нашите реални можности за новиот циклус:

"Ова се квалификации на кои мора да одиме на добар резултат. Веќе неколкупати досега кажав дека оваа наша генерација сега е зрела да направи нешто повеќе на репрезентативен план. Ќе се надигруваме со сите и ќе одиме на победа на секој меч. Таков е модерниот фудбал иако до стартот на квалификациите има уште многу време. Далеку е септември, а до тогаш треба добро да се подготвиме. Да има што е можно повеќе тест средби низ кои треба да се дојде до потребната игра со која би тргнале во битката за бараж и борбата за бодови. Најважно е да се тргне со победа. Би било добро да почнеме со Андора на гости, а потоа дома со некој од фаворитите", додава Пандев, кој гледа со голем оптимизам пред стартот на новите квалификации ден по дознавањето на противниците со кои ќе ги одмериме силите во претстојните две години.

Пандев сега е преокупиран со настапите во Интер каде му оди одлично. Игра стандардно по 90 минути, дава голови, асистира и победува. Тој внесе нов дух во Интер иако на ждрепката во Варшава судбината сакаше да не добие ниту една селекција во која игра негов клупски другар од Милано. А имаше шанси. Во игра беа Станковиќ (Србија), Снајдер (Холандија), Киву (Романија)...



Наjновo од Спорт
Светскиот првак противник на Македонија на ЕП во ватерполо
Десет "најдобри" изјави на СП
Динамо Минск, патоказ за успехотДинамо Минск, патоказ за успехот
Хамилтон со големи надежи во Монца
Шуми знае дека не постојат гаранции за успех
Ф1 ФЛЕШ
Капироси на 200-та трка ќе објави враќање во Дукати?
Јуве без ѕвездите во Европа
Деспотовски не мрда од Ренова уште шест месеци!
Македонија сака нова страница на европскиот пат!
Гвардиола е мал тренер
Се врати Зизу! На еден ден...
Сите за еден, еден за сите...!!!
"Македонија го има Пандев..."
Давид Виља со најскапиот трансфер во 2010
Јас сум тренер, а не Хари Потер!
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи