Мурињо, најголема мотивација на фудбалерите на Челзи

Вечерва се игра долгоочекуваниот дуел во Милано меѓу италијанскиот шампион Интер и англискиот гигант Челзи, односно пресметката меѓу Жозе Мурињо и својот поранешен клуб. Англичаните оваа сезона ги предводи Карло Анчелоти, кој добро ги познава квалитетите на Интер, со оглед на тоа дека веќе ги има одмерено силите како тренер на Милан. Она што го радува Челзи е податокот кој вели дека овој тим досега ниту еднаш не се "сопнал" во осминафиналето до Лигата на шампионите. Оваа сезона Анчелоти изгради одличен тим способен да се надигрува со која било екипа, а моментално го држат првото место во Премиер-лигата. Интересно е тоа што екипата има неверојатна стабилност во одбраната со оглед на тоа дека од 22 примени гола во Премиер-лигата шест се од игра, а 16 од прекин. Главниот адут на екипата е напаѓачот Дидие Дрогба, кој на последните пет натпревари за "сините" постигна шест погодоци и се наоѓа во извонредна форма. Голем проблем за Анчелоти ќе бидат отсуствата на Јури Жирков, Жозе Босингва, Михаел Есјен, Деко и Ешли Кол поради повреди.

Од друга страна Жозе Мурињо има квалитетен и перспективен тим кој сигурно гази кон нова титула во домашното првенство. Меѓутоа, "нероазурите" на последните три натпревари не забележаа победа и си ја загрозија лидерската позиција на табелата, што значи дека тимот го зафати мала криза. Мурињо се надева дека ударното трио Пандев, Милито и Ето ќе можат да ја срушат одбраната на Челзи, но и добро издание на Весли Снајдер и капитенот Хавиер Занети, кои се главните мотори во средниот ред. Голем проблем за Мурињо ќе биде отсуството на првиот голман Жулио Цезар, кој во неделата вечерта имаше сообраќајна несреќа и доби повреди на лицето поради кои ги пропушти последните тренинзи на екипата. Па неговото место ќе го заземе "резервистот" Франческо Толдо.

"Моето искуство против екипи од Англија е позитивно и се надевам дека ќе го повторам тоа против Челзи. Мурињо ми кажа мала тајна за одбраната на противникот и подготвен сум да ги реализирам неговите совети. Треба да стартуваме смирено и да не форсираме премногу напаѓачки бидејќи Челзи е опасен од противнапади", изјави Самуел Ето.

Во Москва рускиот претставник ЦСКА ќе се обиде за првпат во историјата да влезе во четврт-финалето од Лигата на шампионите. За тоа ќе им биде потребна добра игра и сигурна победа против Севиља. Голем проблем за домашните фудбалери е тоа што во Русија е пауза пред почетокот на новото првенство, па фудбалерите не се во потребниот натпреварувачки ритам. Сепак, руските фудбалери се надеваат дека бучната публика и ладното време ќе & "наштети" на Севиља и многу полесно ќе ја разбијат нивната одбрана.

"Студеното време ќе биде на наша страна бидејќи ние сме навикнати на вакви услови за разлика од противникот. Добро сме запознаени со противникот бидејќи ги имаме гледано нивните средби и ги знаеме сите добри и лоши страни. Особено се силни во нападот и страничните позиции каде доминираат Пероти и Навас. Ќе мора добро да ги затвориме тие позиции и да завладееме со средината. Доколку успееме во тоа тогаш и нивните напаѓачи нема да се наиграат", изјави тренерот на рускиот тим, Леонид Слуцки, кој го замени Хуанде Рамос кон крајот на минатата година.

Добра вест за ЦСКА е тоа што нема сериозни проблеми со повреди и суспендирани фудбалери.

Севиља фантастично ја одигра групната фаза, на првото место со четири победи, едно реми и еден пораз оној во Романија против Униреа. Во домашното првенство се наоѓа на четвртото место на табелата, а на последните пет натпревари забележа три победи. Тренерот Маноло Хименез се соочува со големи проблеми откако поради повреди за овој дуел отпаднаа првиот напаѓач Луис Фабијано и крилото Диего Капел.

"И покрај проблемите ние се надеваме дека ќе постигнеме поволен резултат пред реваншот. ЦСКА не е лесен противник, особено кога игра пред своите навивачи. Можам да кажам дека нема да се повлечеме бидејќи тоа ќе биде рамно на самоубиство. Ние ќе ја играме нашата стандардна игра и очекуваме добар резултат", рече Хименез.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...