Без победник во Москва, минимална предност за Интер

Првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Шампионите помеѓу ЦСКА Москва и Севиља заврши без победник. Севиља одолеа на московската зима, а малку недостасуваше и да победат на "Лужники".

Гостите од Шпанија поведоа со 1:0 по првата права шанса на натпреварот преку Негредо во 25-та минута од натпреварот. Долго се чекаше на одговор од домаќините во чии редови се чувствуваше недостаток на натпревари. За израмнувањето и за конечниот резултат се погрижи Чилеанецот Марк Гонзалес кој во 66-та минута од натпреварот го совлада Палот и ги постави конечните 1:1.

На вториот и поинтересен дуел вечерва Жозе Мурињо ја доби првата битка против својот поранешен клуб, но конечната одлука околу вкупниот победник од овој двомеч ќе биде одложена за следниот дуел во Лондон.

Интер рано го отвори натпреварот и поведе уште во 3-та минута со голот на Милито. Челзи беше подобар противник во првиот дел но сепак не успеа да стигне до израмнување по промашените неколку шанси. Саломон Калу на почетокот на вториот дел со гол од дваесетина метри го совлада несигурниот Цезар и го израмни резултатот во 51-та минута.

 Резултатот на семафорот не стоеше долго 1:1, само четири минути подоцна Камбиасо со одличен удар од далечина успеа да им донесе минимално но сепак заслужена победа на својот клуб. Нашиот репрезентативец Горан Пандев влезе во игра во 68-та минута од натпреварот на местото на Самуел Ето но немаше некоја посериозна шанса за погодок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...