петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

Мурињо пред нова суспензија

Тренерот на Интер, Жозе Мурињо, би можел да биде казнет дополнително поради разговорот со својот асистент за време на неделниот првенствен меч со Џенова. Минатиот месец Португалецот доби забрана за водење на екипата на три натпревари поради гестот кон судијата Паоло Таљавенто, кој исклучи двајца играчи на Интер на дуелот со Сампдорија. Во неделата Мурињо беше фатен од телевизиските камери како му дава тактички совети на помошникот Џузепе Барези од трибините на Џузепе Меаца. Неговите идеи воопшто не дадоа плод бидејќи Интер одигра само 0:0.

Дисциплинската комисија при Италијанскиот фудбалски сојуз, најверојатно, ќе го санкционира овој потег на португалскиот стручњак но прашање е колкава казна ќе му изрече.

Минатиот месец тренерот на третолигашот Кремонезе Роберто Вентураро беше дополнително казнет на уште еден меч поради тоа што додека одлежувал суспензија давал тактички инструкции кон својот асистент за време на првенствен натпревар.



Наjновo од Спорт
Светскиот првак противник на Македонија на ЕП во ватерполо
Десет "најдобри" изјави на СП
Динамо Минск, патоказ за успехотДинамо Минск, патоказ за успехот
Хамилтон со големи надежи во Монца
Шуми знае дека не постојат гаранции за успех
Ф1 ФЛЕШ
Капироси на 200-та трка ќе објави враќање во Дукати?
Јуве без ѕвездите во Европа
Деспотовски не мрда од Ренова уште шест месеци!
Македонија сака нова страница на европскиот пат!
Гвардиола е мал тренер
Се врати Зизу! На еден ден...
Сите за еден, еден за сите...!!!
"Македонија го има Пандев..."
Давид Виља со најскапиот трансфер во 2010
Јас сум тренер, а не Хари Потер!
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи