
|
 |
|
|
Спорт / Фудбал
|
|
Имав договор со Реал
Капитенот на Рома, Франческо Тоти сензационално призна дека одговорил позитивно на понудата од Реал Мадрид, но потоа се премислил и одлучил да остане во својот матичен клуб. Тоа се случило за време на првиот мандат на Флорентино Перез кога во Реал играа Зидан, Фиго, Роналдо и Бекам, а потоа на Бернабе замина и соиграчот на Тоти, Антонио Касано.
"Се работеше за отворена понуда од Реал Мадрид. Едноставно, не можев да кажам "не" и затоа на стартот прифатив. Во тој период имав проблеми со Рома, но потоа ги расчистивме тие работи и одлучив да ја одбијам понудата од Реал", призна Тоти во интервју за Канал Плус.
Ваквата приказна ја потврди и капитенот на Реал, Раул Гонзалес кој приватно е добар пријател со поранешниот италијански репрезентативец.
"Со нетрпение очекував да се случи тоа и ќе ми беше голема чест да играм заедно со Тоти бидејќи станува збор за еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот. Секој клуб би сакал да го има него во своите редови", рече Раул.
Тоти израсна во младинската школа на Рома, дебитираше со само 18 години и е еден од легендите на овој клуб со кого во 2001 година ја освои единствената титула во Серија "А".
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|