Интер, последна надеж на италијанскиот фудбал

По испаѓањето на Милан и Фиорентина, екипата на Интер остана да ја брани честа на италијанскиот фудбал. "Нероазурите" доаѓаат во Лондон да ја задржат минималната предност остварена во првиот меч и тоа во најлошиот момент сезонава, кога тимот има остварено само две победи на последните седум средби. Во петокот го доживеаја највисокиот пораз сезонава од Катанија, што дополнително му ја отежна ситуацијата во обид да дојде меѓу најдобрите осум во Европа. Враќањето на Жозе Мурињо на Стемфорд Бриџ е најинтересниот момент на вечерта. Освојувачот на титулата со Порто во 2004 година го водеше Челзи до две премиерлигашки трофеи пред да го напушти во 2007 и да ја почне авантурата во Интер. По три години "шоуменот" на фудбалските терени доаѓа на гости кај своите поранешни фудбалери и пријатели, овој пат со специјална мисија да ги елиминира од Лигата на шампионите.

Многу тешки дуели меѓу нив вечерва - Дрогба и Лусио


"Челзи беше дел од мојот живот, но сега срцето ми бие за Интер и не се оптоварувам околу начинот на кој ќе бидам пречекан во Лондон. Мојата работа е да го водам тимот и ништо друго не ме интересира. Интер прерасна во психички стабилен клуб и шансите да дојде до трофејот оваа сезона се големи. Тешко е да се даде прогноза за конечниот победник во ЛШ. Можам да избројам најмалку седум клуба кои имаат сериозни шанси за пехарот", изјави Мурињо.

"Сините" не играат брилијантно, а по поразот од Манчестер Сити кон крајот на февруари, малку ја поправија состојбата откако запишаа две сигурни победи над Стоук во ФА Купот и во саботата над Вест Хем каде 'експлодира' Дидие Дрогба, кој постигна два гола. Колку Интер стравува од лошата форма, толку Челзи има проблеми со повредените играчи. Карло Анчелоти има големи главоболки на голманската позиција откако остана без двајцата искусни чувари Петр Чех и Хиларио поради повреди, па нивното место принудно ќе го заземе екс-голманот на Мидлзборо Рос Турнбул на кого ова ќе му биде деби во најелитното натпреварување.

"Мали се шансите вечерва да се појават Хиларио или Чех, па затоа го подготвуваме третиот голман Турнбул. Најмалку посакувавме да се најдеме во ваква ситуација, но кога веќе се случи мора да најдеме решение. Мечот нема да е лесен, но се надевам на добра и трпелива игра која ќе резултира со пласман понатаму", изјави Анчелоти, кој исто така нема да смета на Ешли Кол, Михаел Есјен, Рикардо Карваљо, како и Жозе Босингва поради повреди.

Овој дуел ќе биде вистинска битка на ѕвезди. Меѓу најинтересните, Лусио ќе се обиде да го спречи најдобриот африкански фудбалер за 2009 година Дидие Дрогба, потоа борбата за освојување на средината на теренот меѓу Михаел Балак и Весли Снајдер, како и на крилната позиција меѓу Флорен Малуда и Мајкон. Најдобриот стрелец кај Интер, Диего Милито, потоа Самуел Ето и Горан Пандев ќе се обидат да ја надмудрат одбраната на "сините" на чело со Алекс, Џон Тери и Бранислав Ивановиќ.

Севиља и ЦСКА по историја - Фазио во дуел со Нечид

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во сенка на големата пресметка во Лондон се игра реванш дуелот на Рамон Санчез Писхуан каде Севиља ќе се обиде да го мине рускиот претставник ЦСКА. И двата тима го бркаат првото четврфинале во ова натпреварување во историјата па со доза на претпазливост го очекуваат овој дуел. Шпанскиот тим извлече реми од 1:1 во Москва на првиот меч, и со голема самодоверба се подготвува за триумф. Мал проблем за андалузискиот клуб е фактот што нема победа на последните четири меча вклучувајќи го и дуелот во Москва, со три реми и поразот од Реал Мадрид минатата недела. За овој натпревар тренерот Мануел Хименез единствено нема да смета на дефанзивецот Абдулај Конко, кој заработи повреда на препоните, но затоа, пак, во првиот тим по повредите се враќаат голгетерот број 1 Луис Фабијано, како и Фредерик Кануте. За разлика од нив рускиот клуб не е во натпреварувачка форма бидејќи досега одигра само два натпревари, поразот од домашниот Супер-куп од Рубин, и победа во првото коло од новото руско првенство против Амкар со 1:0 со гол на Јапонецот Кеисуке Хонда во последната минута од мечот. Нивниот стратег Леонид Слуцки не одмораше никого со цел да ја провери подготвеноста на фудбалерите на жешкото гостување во Шпанија, а за овој меч нема да смета на дефанзивеците Урош Ќосиќ и Кирил Набабкин.

"Нема проблеми околу психичката кондиција на фудбалерите. Сите се желни за победа и за испишување на нова историја во клубот. Затоа ќе се обидеме да сториме се да го елиминираме противникот. Севиља има мала предност поради домашниот терен и публиката, меѓутоа тоа секогаш не е пресуден фактор за конечниот победник", изјави 38-годишниот Слуцки.

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

ЦСКА прими 11 гола оваа сезона, најмногу од сите екипи по седум одиграни меча.

Фудбалерите на Челзи упатиле 63 удари надвор од голот, најмногу од сите учесници во осминафиналето.

Фудбалерите на Севиља направиле 82 прекршоци, најмалку од сите екипи во нокаут-фазата. Притоа заработиле со само осум жолти картони.

Досега ЦСКА гостувала во Шпанија само еднаш, и тоа во сезоната 1992/93 кога извојувала победа против Барселона од 3:2.

Челзи досега играл двапати во нокаут-фазата со италијански екипи и успеал да ги мине.

Севиља победила на сите три натпревари против руски противници на домашен терен.

Челзи успеал да мине трипати од шест обиди во УЕФА натпреварувањата кога имал дефицит од првиот меч.

Интер е елиминиран во оваа фаза од Лигата на шампионите три сезони по ред од кои двапати од англиски екипи.

Интер победил на пет од деветте двомеча со тимови од Англија.

Тренерот на ЦСКА, Леонид Слуцки, се откажал од фудбалската кариера на 19-годишна возраст поради повреда на коленото која ја добил при пад од дрво обидувајќи се да ја спаси мачката на својот сосед.

Унгарскиот судија Виктор Касаи вечерва вторпат ќе и суди на Севиља, а првпат на ЦСКА.


Германскиот арбитар Волфганг Штарк вечерва по вторпат ќе му суди на Челзи, а шестипат на Интер.

Хесус Навас

ЈУБИЛЕЈ

Крилниот фудбалерот на Севиља Хесус Навас вечерва ќе го одбележи 50. европски натпревари. Шпанецот потекнува од школата на Севиља, а за најсилниот тим дебитираше на 23. ноември 2003 година против Еспањол. Првиот меч во Европа го одигра во 2004 година во третото квалификациско коло од Купот на УЕФА против португалскиот Национал на Рамон Санчез Писхуан, а неговиот тим победи со 2:0. Следните две сезони двапати се закити со трофејот од најмасовното европско натпреварување, а досега одигра вкупно 34 натпревари. Во Лигата на шампионите настапи на 15 натпревари и постигна два погодоци.

КУРИОЗИТЕТ

Екипата на Челзи нема пораз на 21 натпревар во Лигата на шампионите на домашен терен. Последниот неуспех беше на 22 февруари 2006 година кога Барселона си замина со триумф од 2:1 во осминафиналето, која подоцна стигна и до трофејот од најелитното натпреварување. Притоа "сините" победиле 15 пати, а на шест меча ремизирале. Оваа сезона триумфираа на два од трите натпревари во групната фаза, против Порто со 1:0 и Атлетико Мадрид со 4:0, а одиграа изненадувачко реми од 2:2 со кипарскиот АПОЕЛ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...