Комплетирана одмаздата на Баерн

Првпат по седум години во полуфиналето од Лигата на шампионите нема да има англиска екипа. Синоќа испадна и последната надеж на љубителите на фудбалот од Островот дека повторно еден нивен тим ќе влезе меѓу најдобрите четири екипи во елитното европско натпреварување откако Манчестер Јунајтед го заврши својот пат поради голот повеќе примен на домашен терен во двомечот со Баерн.

Веројатно никој не можеше да предвиди ваков епилог од овој дуел откако по само седум минути игра Манчестер Јунајтед веќе имаше предност од 2:0, а на пет минути пред крајот на првото полувреме и од 3:0. Враќањето на Вејн Руни во тимот им даде голема психолошка предност на домашните фудбалери кои се "разлетаа" по теренот и го торпедираа голот на Бут.

Гибсон го почна лудилото, а Нани со два гола продолжи, па пред крајот на првиот дел изгледаше дека Баерн веќе може да се прости од натамошното учество во Лигата на шампионите. Но, по сличен принцип како во осминафиналето против Фиорентина, германскиот тим продолжи да се бори и тоа даде резултат. Олиќ ја намали негативата пред крајот на полувремето, а во вториот дел веќе се беше поинаку. Руни не беше подготвен за повеќе од 50 минути, па мораше да го напушти теренот, а Фергусон одлучи да ја брани предноста, па во игра го уфрли О'Ши. Но, капак на малерот беше црвениот картон што го доби Рафаел по што се разнишаа сите линии од тимот на Манчестер Јунајтед. Притисокот беше се поочигледен, закани се редеа од секоја позиција, а конечниот удар го зададе Арјен Робен на 16 минути пред крајот со многу сличен гол како против Фиорентина. Вкупниот резултат од двата натпревари е израмнет, но Баерн оди понатаму со што ја комплетира одмаздата од 1999 година.

Противник на баварскиот клуб во полуфиналето ќе биде Лион кој го оствари најголемиот клупски успех. На реваншот против Бордо на Шабан Делма ја сочува предноста од првиот меч и сосема заслужено обезбеди учество меѓу четирите најдобри екипи во Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...