Јувентус си ги бара "украдените" титули

Скандалот околу "наместени" натпревари наречен Калчополи последниве денови повторно се актуелизира во Италија, особено откако на јавноста и се откриени аудиозаписи кои покажуваат дека во целата афера е вмешан и Интер заедно со неговиот претседател Масимо Морати. За потсетување, тогаш најдебелиот крај го извлече Јувентус на кого му беа одземени две шампионски титули и префрлен во Втората лига, а поблага казна заработија Милан, Лацио и Фиорентина. Меѓутоа, и по четири години страстите не стивнуваат, особено откако фудбалската федерација на Италија се заинтересира за новите докази и најави преиспитување на случајот.

Ќе се вратат ли трофеите? - Јувентус со пехарот од 2005

Истовремено спортскиот весник Тутоспорт, кој е близок до Јувентус, од вчера почна со делење купони, во кој секој, кој ќе сака, може да го напише името и презимето со цел да се оформи петиција преку која ќе се бара од Италијанската фудбалска федерација да им ги врати на клубот двете титули освоени во 2005 и 2006 година, кои поради скандалот му беа доделени на Интер. Директорот на весникот, Пол де Паола, ја објасни оваа акција како борба против вистинските криминалци во италијанскиот фудбал и задоволување на правдата. Претседателот на ФИГЦ, Џанкарло Абете, изјави дека федерацијата размислува за повторно отворање на случајот, но прво ќе почека да заврши следното судско рочиште околу аферата кое е закажано за 13 април во судот во Неапол.

Случајот стана актуелен откако адвокатот на поранешниот претседател на Јувентус и "мозокот" во аферата Лучијано Моџи, Пако Д'Афентино на судот му презентираше аудиозаписи од телефонски разговори на Масимо Морати со претседателот на судиската организација Паоло Бергамо на кој му наредил да делегира судии кои ќе судат во корист на Интер. Но она што останува вистинска мистерија е зошто досега овој доказ не бил претставен на рочиштата. Во меѓувреме Масимо Морати ги отфрли сите обвинувања нарекувајќи ги бесмислени и срамни, истакнувајќи дека очигледно некој сака да го "намести" во целиот случај.

"Ова е навистина смешно. Сето ова е исценирано од страна на директорите на Јувентус кои не сакаат да ја преземат одговорноста за штетата која ја направија. Фановите на Јуве треба да сфатат дека вината треба да ја бараат во управата, а не да обвинуваат други луѓе", изјави Морати.

Меѓутоа, во случај да се докаже дека и Интер навистина учествувал во оваа афера, тогаш сигурно ќе му бидат одземени спорните титули, но и дополнително казнет можеби и со префрлање во понизок ранг на натпреварување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...