Интер стигна до 18. титула во Италија

Екипата на Интер, за која настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев, успеа да стигне до 18-тата титула во клупската историја откако попладнево во последното коло од Италијанското фудбалско првенство на гостувањето ја победи Сиена со 1:0.

Стрелец на победоносниот гол беше Диего Милито во 57-та минута, а три минути пред тоа Пандев влезе во игра место Мота. Ова за Интер е петта титула по ред. Во исто време конкурентот за титулата Рома го победи Киево со 2:0 на гости.

На другите натпревари од последното коло беа постигнати следниве резултати: Аталанта – Палермо 1:2, Бари – Фиорентина 2:0, Каљари – Болоња 1:1, Катанија – Џенова 1:0, Парма – Ливорно 4:1, Сампдорија – Наполи 1:0. Вчера Милан – Јувентус 3:0 и Лацио – Удинезе 3:1.

Табела: Интер 82 бода, Рома 80, Милан 70, Сампдорија 67, Палермо 65, Наполи 59, Јувентус 55,...

Во Лигата на шампионите во групната фаза Италија ќе ја претставуваат: Интер, Рома и Милан, додека Сампдорија ќе игра во баражот. Палермо и Наполи ќе играат во баражот од лигата на Европа, а Јувентус ќе игра во 3.квалификациско коло од Лигата на Европа. Лигата ја напуштаат: Аталанта, Сиена и Ливорно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...