Горан Пандев го живее шампионскиот сон

* "Шампионскиот трофеј во Италија е реализација на долгогодишен сон кој сигурно извонредно би се надополнил со освојување на круната и во Лигата на шампионите", вели Пандев


Нескриено е задоволство кај најдобриот македонски фудбалер само еден ден по освојувањето на вториот свој трофеј оваа сезона во дресот на "нераѕурите". Горан Пандев го живее шампионскиот "Калчо сон" заживувајќи ја на тој начин и максималната промоција на нашава земја во светски рамки за момент отргнувајќи ги и домашните фудбалски погледи од секојдневното сивило со кое сме оптоварени.

Горан Пандев во неделата со Интер стигна до "скудетото", откако претходно го одбрани и Купот на Италија, меѓутоа деновиве секако е низ постојано очекување на финалето од Лигата на шампионите како начин за заокружување на своите магични пет месеци во Милано.

"И претходно истакнував, веднаш по моето враќање во Милано на почетокот од годинава, дека Интер е клубот во кој се наоѓам себеси. Со освојувањето на шампионскиот трофеј во Италија го заживеав првиот мој сон кој сигурно извонредно би се надополнил со настапот во финалето од Лигата на шампионите во Мадрид и освојувањето на европската круна", вели Пандев, притоа потсетувајќи се на последниот натпревар против Сиена кој ја донесе титулата.

"Тешка но слатка победа. По влегувањето во игра верував дека ќе стигнеме до победата, а голот стигна само по неколку минути. Во секој случај низ континуираните настапи во текот на целата сезона покажавме дека сме најквалитетен тим во Италија. Амбициите на клубот беа освојување на титулите на трите фронта и сега сме на прагот на остварување на истите", истакнува Пандев кој се поочигледно ги надминува и проблемите со повредата па сосема подготвен ќе го очекува и големото европско финале против Баерн Минхен во Мадрид.

Горан Пандев е првиот Македонец кој се закитува со шампионски медал во Топ 5 најсилните европски лиги и тоа не само како обичен член на екипата, но како повеќе од значајна алка во составот на најдобриот светски тренер.

"Погледнувајќи и од тој агол, задоволството е секако големо, меѓутоа нема апсолутно ниту малку време за преголемо славје и опуштање затоа што за неколку денови во Мадрид не очекува најважното од сезоната".

Не е тајна дека Португалецот Жозе Мурињо успеа да создаде извонредна фудбалска креација во црно-сини бои која носи успеси. Оваа година се ослободи од услугите на еден Златан Ибрахимовиќ, но донесе шест клучни фудбалери кои сосема го редефинираа начинот на игра на Интер, почнувајќи од креативците, нашиот Пандев и Снајдер, па се до Милито, Ето, Мота и Лусио...

"Мурињо е едноставно тренер кој остава силен белег во светскиот фудбал. Јасно е дека титулите и одличните игри на тимот оваа година се единствено негово дело кое верувам ќе биде крунисано со уште еден трофеј. Мурињо го заслужува комплетниот респект од европскиот и светски фудбал", нагласува македонскиот репрезентативец кој според најавите и од страна на италијанските медиуми се очекува да биде меѓу стартните единаесет за финалето од Лигата на шампионите во Мадрид.

СПОРЕД СВЕТСКИТЕ ФУДБАЛСКИ АНАЛИТИЧАРИ

Пандев - еден од клучните моменти за "скудетото"

Според светските фудбалски аналитичари веднаш по интеровото освојување на врвот од "Калчо лигата", Македонецот Горан Пандев е истакнат како еден од клучните моменти за освојување на титулата на "сино-црните".

Меѓу неколкуте клучни натпревари кои го одлучија патот кон "скудетото", италијанските медиуми како најдобар потег на Интер оваа година го потенцираат ангажманот на Горан Пандев.

"Откако пред Арбитражниот суд на Калчо лигата го доби спорот со Лацио и својата слобода, Горан Пандев се приклучи на шампионот Интер носејќи му нова одлична напаѓачка опција во еден од најтешките периоди од сезоната. Доаѓањето на Пандев меѓу "нераѕурите" донесе нова креација во играта на тимот но и огромно олеснување за Жозе Мурињо кој сега можеше да се потпре на неговите услуги наспроти нестабилно тинејџ-однесување на Марио Балотели", се вели во коментарот на италијанскиот фудбалски аналитичар за агенцијата "Ројтерс".



Заокружување со титула во Лигата на шампионите

Неизбежен е сонот на Пандев извонредните свои пет месеци во Интер да ги заокружи и со титулата во Лигата на шампионите.

"Баерн Минхен е секако вистински предизвик за сите нас во клубот. Интер цели 65 години ја очекува европската титула, па сега сигурно во сабота во Мадрид никој од нас нема да сака да ја пропушти можноста за запишување на оваа генерација во аналите на светскиот фудбал", вели Пандев.

Најдобриот стрелец во историјата на нашиот репрезентативен фудбал ќе биде третиот Македонец кој ќе ја брка европската круна. Претходно, Дарко Панчев и Илија Најдоски беа дел од извонредната генерација на Црвена Звезда која во 1991 година стигна, во тогашниот Куп на шампионите, до европскиот трофеј.

Минатата година со континенталната титула се закити и повремениот репрезентативец Стевица Ристиќ, меѓутоа со корејскиот Поханг Стилерс во рамките од натпреварувањето во Азиската лига на шампионите.





Премија од 600.000 евра

Премија од по 600.000 евра за секој од своите фудбалери вети претседателот на Интер, Масимо Морати за освојувањето на двојната круна. Премијата секако неизбежно дополнително ќе биде зголемена со освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...